четврток, септември 3, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Турција ја засилува противвоздушната одбрана: Системот „Патриот“ распореден поради заканите од Иран

by Redakcija
10.03.2026
in Балкан
Турција ја засилува противвоздушната одбрана: Системот „Патриот“ распореден поради заканите од Иран

Анкара денес соопшти дека во југоисточниот дел на земјата е поставен американски противвоздушен и противракетен систем „Патриот“ како дел од проширените безбедносни мерки на НАТО заштита. Во официјалната објава на турското Министерство за одбрана, се нагласува дека покрај домашните сили, сојузниците од НАТО ги засилиле средствата за воздушна одбрана со цел да се обезбеди неприкосновеност на националниот воздушен простор.

Според министерството, системот „Патриот“ е доставен во провинцијата Малaтја и е привремено поставен додека траат подготовките за негова целосна оперативна спремност да одговори на сите потенцијални закани.

Оваа одлука на турските власти следи по тензии со Иран, откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро го предупреди Техеран да ги прекине „провокативните акции“ по инцидентот со балистичка ракета која навлегла во турскиот воздушен простор. Турската државна новинска агенција Анадолу го пренесе ставот на Ердоган дека станува збор за сериозна повреда на територијалниот суверенитет.

Министерството за одбрана на Турција претходно соопшти дека балистичката ракета, за која се верува дека е иранска, навлегла во турскиот воздушен простор пред да биде уништена од противвоздушните средства на НАТО кои оперираат во источниот Медитеран.

Техеран, преку портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багаеи, ги отфрли обвинувањата и го оцени инцидентот како „операција со лажно знаме“, без да го обвини конкретно ниту еден субјект.

Related Posts

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СРБИЈА: Запленети над 200 килограми дрога во стан

02.09.2026

Туристи во Грција се жалат на необично печење и чешање по капењето: „Нешто се случува со морето“

02.09.2026

Во Хрватска родени 924 деца повеќе: Владата воведе родителско отсуство со целосна плата до 3.000 евра

02.09.2026

Ескалација на протестот во Тирана: Рама евакуиран од кабинетот под силно полициско обезбедување

02.09.2026

Марта Кос со предупредување до Србија: „Се надевам дека знаат што ризикуваат“

02.09.2026

Уапсен познатиот рекетар кој дебело рекетираше балкански музички ѕвезди

02.09.2026

Препорачани Вести

Потрошувачката кошничка во завршна фаза: Рокот за усвојување останува 30 јуни

Потрошувачката кошничка во завршна фаза: Рокот за усвојување останува 30 јуни

4 месеци ago

Од денес се исплаќаат поголема минимална плата и пензии

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Димитриеска-Кочоска: Растот од 4,3% е потврда за позитивниот тренд и зајакнувањето на македонската економија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • К-15 годинава носи повеќе пари: Еве колкав минимален регрес ги очекува вработените

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема труење во Тетово: Лекарите откриваат што стои зад зголемениот број прегледи на деца

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Култната Лада Нива доби нов мотор: Цената ќе ве изненади

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Македонија има што да понуди во креирањето на енергетската иднина на Европа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.