вторник, март 10, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Важна вест за сите македонски граѓани: Ако добиете повик од оваа земја со префикс +40 веројатно сте мета на измама!

by Redakcija
10.03.2026
in Македонија

Основното јавно обвинителство Битола во координација со Истражниот центар во тоа обвинителство и СВР Битола, откри разработена шема на измами на граѓани со лажни сообраќајни несреќи. Случаите се поврзуваат со телефонски броеви од Романија.

Од ОЈО Битола информираат дека на подрачјето на ОЈО Битола во последните два – три месеци биле измамени над десет граѓани од кои биле извлечени вкупно над 60.000 евра и други вредни предмети. Бројот на вакви настани особено се зголемува од почетокот на февруари, од кога се евидентирани веќе шест слични случаи.

Во сите предмети начинот на извршување е сличен, посочуваат од ОЈО Битола, оштетени се обично повозрасни лица кои добиваат телефонски повик дека некое ним блиско лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа и дека итно се потребни пари за сложена операција. Втората верзија на лажни факти која измамниците им ја претставуваат на дел од оштетените е дека нивен близок предизвикал сообраќајна несреќа со тешки последици и дека парите се потребни за да се избегне затворска казна.

Доведени во заблуда и исплашени за своите блиски, оштетените се согласуваат лично на рака да исплатат различни суми пари – од неколку десетици илјади денари до над 20.000 евра, златен накит и вредни предмети. Парите ги предаваат на различни локации во Битола, на лица кои претходно, преку оглас на Фејсбук, биле ангажирани за работа. До овој момент, Основното јавно обвинителство Битола има поднесено обвинение против четири вакви лица кои се гонат како соизвршители во измамите и директно ги преземале парите од измамените граѓани.

Според сознанијата на истрагата, парите потоа се пренесуваат и се предаваат кај засега непознато лице во Бугарија. Она што ги поврзува случаите се и телефонски броеви од Романија (со префикс +40) кои се употребени во сите овие настани за контакт со оштетените.

Основното јавно обвинителство Битола упати и барање за меѓународна правна помош до органите на овие држави со цел преземање дејствија за откривање на сторителите, а во меѓувреме, истражните органи апелираат граѓаните да не потпаѓаат на вакви измами и да не се согласуваат на исплата на парични средства „на рака” на лица кои воопшто не ги познаваат.

Извор: newz24live

…

Related Posts

Учениците од основно училиште во Кочани евакуирани поради лажна дојава за бомба

Учениците од основно училиште во Кочани евакуирани поради лажна дојава за бомба

10.03.2026
Објавена програмата за одбележување на годишнината од трагедијата во Кочани

Објавена програмата за одбележување на годишнината од трагедијата во Кочани

10.03.2026
Муцунски: Македонија е предвидлив партнер на ЕУ и очекува реципрочна предвидливост

Муцунски: Македонија е предвидлив партнер на ЕУ и очекува реципрочна предвидливост

10.03.2026
Сончеви периоди денес, нови врнежи од утре

Сончево и релативно топло време со утрински студ до петок

10.03.2026

Почнаа редици на бензинските пумпи

09.03.2026

Системот „Безбеден град“ ќе се прошири и во Битола

09.03.2026

Препорачани Вести

Манасиевски: Како СЈО потроши милион евра за само 2,5 месеци? Обвинителството мора да реагира

4 недели ago

СТУДЕН ШОК ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА: МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ И ВЕТЕР ДО 60 КМ/ЧАС

2 месеци ago

Популарни Вести

  • ФФМ: „Обвинувањата за судењето се алиби за поразот, Шкендија не е оштетена“

    ФФМ: „Обвинувањата за судењето се алиби за поразот, Шкендија не е оштетена“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Осминафиналето во ЛШ стартува со стари ривалства

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иранските фудбалерки одбија да ја пеат химната – Австралија им даде визи на пет репрезентативки по заканите за одмазда од режимот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Учениците од основно училиште во Кочани евакуирани поради лажна дојава за бомба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турција ја засилува противвоздушната одбрана: Системот „Патриот“ распореден поради заканите од Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.