сабота, април 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Скопје

ЦУК предупредил уште во декември за опасност од свлечиште на патот кон Теферич

by Redakcija
12.03.2026
in Скопје

Центар за управување со кризи уште во декември минатата година испратил писмено предупредување до Општина Кисела Вода дека патот кон Теферич е небезбеден и дека постои ризик од свлекување на земјиштето, но и покрај тоа сообраќајницата останала отворена за сообраќај сè до февруари годинава.

Патот, кој последен пат беше реновиран и повторно пуштен во употреба во септември 2025 година, само два месеца подоцна бил посочен како ризичен. Според информациите од ЦУК, на 24 декември 2025 година до Општината било испратено известување со кое се барало надлежните служби итно да преземат мерки за обезбедување на локацијата, поставување соодветна сигнализација и евентуално привремено затворање на сообраќајот доколку постои директна закана за граѓаните.

И покрај предупредувањето, патот продолжил да се користи до 20 февруари 2026 година, кога асфалтот се расцепил, а дел од сообраќајницата пропаднал речиси еден метар поради големо свлечиште.

Оттогаш поминаа речиси три недели, а патот е целосно затворен по насока на Општина Кисела Вода. Во меѓувреме се изработува стручен извештај од експерти на Градежен факултет – Скопје за состојбата на теренот и можностите за санација.

Деканот на факултетот, Јосиф Јосифовски, вели дека ситуацијата е сериозна и дека е неопходна брза реакција за да се спречи дополнително ширење на свлечиштето.

„Откако ќе биде изготвен извештајот за процена на ризикот и проектот за санација, натамошните чекори ќе зависат од локалната самоуправа. Потребно е најитно да се реагира за да се спречи понатамошно развивање на свлечиштето“, посочува Јосифовски.

Од ЦУК објаснуваат дека вакви процени за ризици и опасности се изработуваат за сите општини и се доставуваат до локалните власти, кои потоа преку советите на општините треба да ги разгледаат и да постапат по нив.

Сепак, од Центарот нагласуваат дека општините немаат законска обврска веднаш да постапуваат по добиените предупредувања.

По инцидентот, пропаднатиот дел од патот останал отворен за движење уште околу 24 часа, по што Општина Кисела Вода донела одлука сообраќајницата целосно да се затвори. Таа ќе остане затворена сè додека не биде изработен основниот проект за санација.

Стручните лица предупредуваат дека трајно решение може да се постигне само со темелна стабилизација на земјиштето, сушење на почвата, изградба на атмосферска канализација и поставување потпорни конструкции, бидејќи во спротивно постои ризик од нови свлечишта и по евентуалната реконструкција на патот.

Related Posts

Меџити: Улицата „Ферид Мурад“ добива современ изглед и поголема безбедност

10.04.2026
Општина Центар подели хуманитарни пакети за Велигден како помош за семејства во социјален ризик

Општина Центар подели хуманитарни пакети за Велигден како помош за семејства во социјален ризик

10.04.2026

Посебен сообраќаен режим за Велигден утре во Скопје

10.04.2026
Планирани прекини на струја во Центар, Бутел и Карпош

Прекин на електрична енергија во дел од Чаир

10.04.2026
Бесплатно паркирање во Центар за Велигденските празници

Бесплатно паркирање во Центар за Велигденските празници

09.04.2026
Прекин на водоснабдување на булевар „Илинден“ во Карпош поради дефект на цевка

Прекин на водоснабдувањето во делови на Скопје

09.04.2026

Препорачани Вести

Трамп постави рок за крај на војната меѓу Украина и Русија

2 месеци ago
Иран ја прикажува својата „подземна флота“ беспилотни летала и ракети во ново видео

Иран ја прикажува својата „подземна флота“ беспилотни летала и ракети во ново видео

1 месец ago

Популарни Вести

  • Проданоски: Прилеп е симбол на воената традиција и чест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Улицата „Ферид Мурад“ добива современ изглед и поголема безбедност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Стадионот „Петар Милошевски“ е гордост на Битола и еден од најубавите на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Починат 65-годишен маж пронајден во продажен објект на Бит Пазар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Десет возачи лишени од слобода во едно деноноќие за безобѕирно возење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.