Во екот на војната на Блискиот Исток која трае веќе 14 дена, на социјалните мрежи се појавија информации дека ирански камиказе-дронови утринава го погодиле Dubai International Financial Centre (DIFC) во Дубаи.
DIFC е главниот финансиски центар на Обединетите Арапски Емирати и седиште на бројни светски банки и инвестициски компании.
Доколку нападот се потврди, тоа би значело проширување на војната кон важни економски цели во Персискиот Залив.
Засега нема официјална потврда од властите на ОАЕ.














