понеделник, август 10, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Уапсени шест насилници – Полицијата со детали

by Redakcija
14.03.2026
in Црна Хроника

Пријави за семејно насилство во повеќе градови – шест лица лишени од слобода, со две лица извршен службен разговор

На подрачјето на државата биле евидентирани вкупно 11 пријави за семејно насилство, при што шест лица се лишени од слобода, а со две лица е извршен службен разговор.

На 14.03.2026 година во 02.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода О.И.(39) од Република Србија со место на живеење во Куманово, затоа што физички ја нападнал неговата 31-годишна сопруга и и се заканувал со остар предмет. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 14.03.2026 година во 01.05 часот, во СВР Охрид лишени од слобода се Т.Ѓ.(51) и неговата невенчана сопруга М.Х.(47), двајцата од Охрид. Во нивниот семеен дом се случила вербална расправија со повремени меѓусебни физички напади, по што М.Х. физички ја нападнала Б.Ѓ.(73) од Охрид. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави.

На 12.03.2026 година во 20.00 часот, во СВР Охрид е пријавено дека К.В.(38) од Охрид, во семејниот дом бил агресивен кон членовите на семејството, расфрлал предмети и скршил стакло од вратата, при што се здобил со повреди. По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.03.2026 година во 14.10 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Г.П.(64) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од неговата 60-годишна сопруга дека агресивно се однесувал и и упатувал закани по животот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 13.03.2026 година во 21.37 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Д.Б., со кого биле разделени, при што ѝ бил оштетен и мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.03.2026 година во 03.20 часот, на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода К.Н.(19) од Скопје, по претходна пријава од неговата 44-годишна мајка дека на 13.03.2026 година во домот и упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 14.03.2026 година во 02.30 часот во СВР Скопје, 49-годишна жена пријавила дека на 13.03.2026 година во автомеханичарски сервис во нејзиното возило бил пронајден уред за следење, при што посочила дека најверојатно го поставил нејзиниот сопруг А.С., со кого биле во бракоразводна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.03.2026 година во 14.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода 44-годишен велешанец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 45-годишна партнерка. При преземање мерки кај него биле измерени 0,55 промили алкохол во крвта. Тој бил приведен во полициска станица, за случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи, а по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.03.2026 година во 15.30 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена пријавила дека во здравствена установа на подрачјето на Центар, нејзиниот поранешен сопруг И.П.(43) од Скопје се обидел физички да ја нападне. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.03.2026 година во 23.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со Д.Г.(67) од Скопје, по претходна пријава од неговата 61-годишна сопруга, со која биле во бракоразводна постапка, дека ја малтретирал и и упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Истиот ден во 21.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници извршиле службен разговор и со Д.Ј.(61) од скопско, по претходна пријава од неговата 85-годишна мајка дека ја малтретирал и и упатувал закани. По целосно документирање ќе следува соодветен поднесок.

Related Posts

Полицијата апсеше во Штип – лишени од слобода три лица

10.08.2026

Пожар избувнал во БМВ на паркинг во Тетово

10.08.2026

Четири лица повредени во тешка сообраќајка кај Гостивар, судир меѓу четири автомобили и камион

10.08.2026

Судир на четири возила предизвика застој на патот кон Стража

10.08.2026
(ВИДЕО) ЖЕСТОКА ПРЕСМЕТКА ВО ХРВАТСКА: Туристи од Албанија дивееле со квадови, по расправија со мештаните избила масовна тепачка

(ВИДЕО) ЖЕСТОКА ПРЕСМЕТКА ВО ХРВАТСКА: Туристи од Албанија дивееле со квадови, по расправија со мештаните избила масовна тепачка

09.08.2026
41 годишен Скопјанец фатен со 2,13 промили алкохол и без возачка дозвола – возилото му е одземено

41 годишен Скопјанец фатен со 2,13 промили алкохол и без возачка дозвола – возилото му е одземено

09.08.2026

Препорачани Вести

Виноскоп испиша нова фестивалска меморија: петочната вечер го осветли Градски парк

3 месеци ago

(ВИДЕО) Скандал на МРТВ: Видео во кое 13 годишно девојче пее за „Голема Албанија“ ја зовре јавноста

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Големо поевтинување на горивата од полноќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата апсеше во Штип – лишени од слобода три лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар избувнал во БМВ на паркинг во Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четири лица повредени во тешка сообраќајка кај Гостивар, судир меѓу четири автомобили и камион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Слава им на хероите кои ги дадоа животите за Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.