среда, октомври 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Падна организирана криминална група која заработувала милиони од технички прегледи на возила

by Redakcija
03.09.2026
in Црна Хроника

Сузбиена криминална група, поднесена кривична пријава за шест физички и три правни лица, лишени од слобода три лица за перење пари, проневера во службата и несовесно работење во службата, проневериле над два милиони евра

На 02/03.09.2026 од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со ОСПО—ЕБР, а под раководство на ОЈО за ГОКК, спроведена е полициска акција, при што сузбиена е криминална група инволвирана во извршување на кривични дела „проневера во службата“, „перење пари и други приноси од казниво дело” и „несовесно работење во службата”.

Во рамки на акцијата, врз основа на претходно обезбедени наредби од Основен кривичен суд, извршени се претреси на повеќе локации во Скопје, при што лишени од слобода се С.С., Ш.С. и З.Ѓ., а при извршените претреси пронајдени и одземени се околу 27.735 евра, 38.500 денари, 750 швајцарски франци и 100 долари, повеќе телефонски апарати и две патнички моторни возила.

Денеска (03.09.2026) Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против шест физички и три правни лица, и тоа: С.С. (49)- сопственик на правно лице од с.Кучевиште и неизвршен член на одбор на директори во осигурително брокерско друштво, Ш.С. (29)- извршен член на одбор на директори во осигурително брокерско друштво и З.Ѓ. (58)- извршен член на одбор на директори во осигурително брокерско друштво за „проневера во службата” (чл.354 ст.5 во врска со ст.1) и „перење пари и други приноси од казниво дело” (чл.273 ст.1) од КЗ, против Д.М. (54)- вработен во правно лице од с. Кучевиште како раководител на станица за технички преглед за „проневера во службата” (чл.354 ст.5 во врска со ст.1) од КЗ, против Т.М. (64)- вработена во Јавно претпријатие за државни патишта како помошник директор за „несовесно работење во службата” (чл.353-в ст.1, 2 и 3) од КЗ, против М.Д. (40)- вработен во друштво за книговодствени услуги за „проневера во службата” (чл.354 ст.5 во врска со ст.1), „перење пари и други приноси од казниво дело” (чл.273 ст.1) во врска со „помагање“ (чл.24) од КЗ, сите од Скопје и против правно лице од Скопје и правно лице од с. Кучевиште. за „перење пари и други приноси од казниво дело” (чл.273 ст.1) од КЗ и правно лице од Скопје за „перење пари и други приноси од казниво дело” (чл.273 ст.1) во врска со „помагање“ (чл.24) од КЗ.

С.С. во својство на управител на правно лице од с. Кучевиште, кое од 2011 година имало овластувања за вршење на технички преглед на возила, во периодот од 01.01.2021 – 20.01.2026 со намера за себе да прибави противправна имотна корист во износ од 138.877.419 денари изготвувал и доставувал лажни извештаи за наплатени надоместоци при регистрација на возила до Јавното претпријатие за државни патишта, Црвен Крст, Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Mинистерство за животна средина и општините. При изготвување на извештаите и лажирање на податоците, С.С. дејствувал заедно со Д.М., кој бил овластен за изготвување и потпишување на фактури и доставување на извештаи до надлежните институции. Прикривањето на паричните средства на наплатените парични средства било преку осигурително брокерско друштво, на чии сметки биле наплаќани предвидените надоместоци, иако согласно закон на сметка на брокерското друштво требало да се наплаќа само полисата за осигурување. Како извршни членови на Одборот на директори и овластени лица во критичниот период биле Ш.С. и З.Ѓ., кои знаеле дека дел од приходите потекнуваат од наплата на надоместоци, а не од дејноста на осигурување и заедно со С.С. како неизвршен член на Одборот на директори понатаму го прикриле потеклото на парични средства со префрлање од една на друга сметка на правните лица и мешање на истите со приходите од редовното работење по различни основи (во најголем дел позајмици), а со цел со дел од криминално стекнатите паричните средства да се купуваат недвижности во корист на правното лице.

Т.М. во својство на помошник директор за финансии во Јавното претпријатие за државни патишта иако имала обврска да го следи уплатениот надоместок и да врши проверка на доставуваните извештаи, односно споредба на наплатените средства со пресметаните надоместоци во извештаите врз основа на кои се исплаќале фактури за провизија за извршена услуга на правното лице, како и да бара навремено наплаќање на пријавениот надоместок од утврдените разлики, истата пропуштила должен надзор и го известувала Д.М. за наплатениот износ на сметката на ЈПДП наместо правното лице од с.Кучевиште да доставува месечни извештаи до нив, на кој начин на С.С. му овозможиле да се стекне со противправна корист во износ 48.434.406 денари по однос на надоместок за патна такса. 

М.Д. како овластен сметководител во правно лице од Скопје во сметководствената документација евидентирал невистинити податоци кои се разликувале од реалната документација од работењето и воедно поднесувал даночни пријави и во Годишните сметки кои што не ја прикажувале реалната финансиска состојба на правното лице од с. Кучевиште. На овој начин на С.С. му овозможиле да се стекне со противправна корист во износ 138.877.419 денари по однос на надоместоци кои се наплаќале при регистрација на возила.

Со наведените дејствија лицата се стекнале со имот-парични средства во износ од 138.877.419 денари (2.258.169 евра), а на штета на Буџетот на Р.С.Македонија, односно на штета на Јавното претпријатие за државни патишта износ од 48.434.406 денари, Црвен Крст износ од 1.485.926 денари, Министерство за животна средина 5.585.098 денари, Буџет и Комунална такса за Општините износ од 83.371.988 денари.

Извор: newz24live

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Царината пресече обид за шверц: Лекови од 336.000 денари сокриени во автобус

21.10.2026

Полицаец осомничен дека им „прогледал низ прсти“ на возачи кои возеле над 150 км/ч

21.10.2026

Кумановец заврши во станица: Во деловен простор пронајдени 28 сигнални пиштоли без дозвола

21.10.2026

Шестгодишно дете тешко повредено во судир на автомобил и тротинет во Скопје

20.10.2026

Напад врз ученик пред средно училиште во Скопје: Според пријавата, едно лице извадило пиштол

20.10.2026

Кривична пријава против поранешниот директор – Ова се деталите

20.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Муцунски: Македонија е предвидлив партнер на ЕУ и очекува реципрочна предвидливост

Муцунски: Македонија е предвидлив партнер на ЕУ и очекува реципрочна предвидливост

8 месеци ago

Мечка четврти пат упадна во слаткарница

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Утре без струја делови од Центар, Кисела Вода и Аеродром: Прекини до пет и пол часа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја повеќе делови од Тетово и околината: Прекини и на Попова Шапка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама со нов удар по учесниците во насилствата: Најави забрани за патување, превоз и хотели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола: Јапонска донација од над 80 илјади евра за училиштето „Св. Климент Охридски“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,55 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.