недела, септември 20, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Потресно сведоштво на сосетка открива  детали за трагедијата во скопско  Тафталиџе: Девојчето тропало по врати и барало помош за мајката

by admin
15.03.2026
in Црна Хроника

Трагедијата во скопската населба Тафталиџе, во која животот го загубија мајка и нејзината шестгодишна ќерка, можеби можела да биде спречена – тврдат соседите кои со месеци слушале расправии и повици за помош од станот каде што живеело семејството.


Сосетката Тања Спировска во изјава за медиумите раскажува дека насилството не било изолиран инцидент, туку проблем што траел подолг период. Според неа, повеќе соседи пријавувале галама и сомнеж за семејно насилство.


Таа открива дека девојчето често било исплашено и во неколку наврати бегало од станот и тропало по вратите на соседите барајќи помош за мајката.


„Комшиите кажуваа дека детето тропало по врати и барало помош. Еднаш во два часот по полноќ се слушна како вика: ‘Тато ќе ја убиеш мама’“, раскажува сосетката, додавајќи дека таа реченица засекогаш ќе ѝ остане во сеќавање.


Според нејзините зборови, неколку пати биле поднесени пријави до полицијата. Во некои случаи полицијата интервенирала, но соседите сметаат дека реакцијата на институциите не била доволна за да се спречи трагичниот исход.


Соседите денес велат дека тешко се справуваат со случувањата и постојано се прашуваат дали можеле да направат повеќе. Спировска упати апел до сите жртви на семејно насилство да не молчат и навреме да побараат помош, нагласувајќи дека ваквите случаи мора сериозно да се сфатат за да не се повторуваат трагедии.

Related Posts

Дрон двапати влетал во спална соба во Кочани: Семејството се сомнева дека било снимано

19.09.2026

Палеле кабли кај „Буково“ за да вадат бакар – обвинителството бара притвор

19.09.2026

Акција на полицијата во Скопје – Претрес и апсење

19.09.2026

Патник приведен пред лет од Скопје – во рачниот багаж имал куршуми

18.09.2026

Разбојништво во спортска обложувалница во Тетово – маж со нож одзел пари и побегнал

18.09.2026

Пожар на депонија во Охрид – уапсени три лица

18.09.2026

Препорачани Вести

Ноќевање 35 евра, ручек 5 евра, кафе едно евро: Постои место на Јадран каде што можете да поминете евтино

2 месеци ago

Полициска интервенција на „Маршал Тито“ во Тетово – уапсен маж

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Меџити најави концерт на Рона Нишлиу во Чаир за ноемвриските празници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Речиси 20 години стари автомобили се возат по македонските патишта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Месечината откриен огромен нов кратер: Ударот се случил во 2024 година, а никој не го забележал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Овие уреди ви ја зголемуваат сметката за струја: Електричар советува што да исклучувате

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Под Европа откриен древен супервулкан: Откриено дали сè уште може да еруптира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.