среда, април 8, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Скопје

Почина чичко Драги, човекот кој спаси десетина улични кучиња

by Simovski
16.03.2026
in Скопје
Почина чичко Драги, човекот кој спаси десетина улични кучиња

На 72-годишна возраст почина чичко Драги, човекот кого речиси секој минувач кај Рекорд барем еднаш го сретнал покрај неговата скромна тезга. Со години беше дел од секојдневието на скопјани.

На малата тезга продаваше ситни работи: шноли, стегачи, штипки за коса, ланчиња и други мали предмети. Но она што најмногу го издвојуваше беше друштвото околу него. Речиси секогаш беше опкружен со кучиња, десетина улични миленици кои ги спасил од улица и за кои несебично се грижеше.

Живееше сам, но неговиот дом никогаш не беше празен. Го делеше просторот, храната и грижата со повеќе од десет напуштени кучиња. Колку што имаше за себе, толку имаше и за нив, без двоумење.

Болеста со текот на времето му го одзеде гласот, па разговорите со луѓето ги водеше на поинаков начин, пишувајќи кратки пораки на лист хартија. И покрај тоа, остана човек со манири и топлина, секогаш љубезен и трпелив со секој што ќе застанеше кај неговата тезга.

Пред околу три месеци граѓани и хумани луѓе покренаа апел за помош, за неговото лекување и за обезбедување храна за кучињата за кои се грижеше. Поддршката пристигна од многу страни. Минатиот месец, на својот Фејсбук профил, им се заблагодари на сите кои помогнаа и со надеж порача: „Ветувам дека од болница ќе излезам посилен“.

До последниот момент веруваше дека ќе се избори.

Денес, градот се разделува со човек кој немаше многу, но секогаш беше подготвен да го сподели и последното. Чичко Драги зад себе остава спомен за добрина, тивка човечност и големо срце, спомен кој ќе остане во сеќавањата на многу скопјани.

Related Posts

Утре повеќе скопски села ќе бидат без електрична енергија

07.04.2026
Скопска општина подели над 140 пакети за семејства во социјален ризик

Скопска општина подели над 140 пакети за семејства во социјален ризик

07.04.2026
Општина Аеродром инвестира 138 милиони денари во реконструкција на 18 улици: Реализација до крајот на летото

Општина Аеродром инвестира 138 милиони денари во реконструкција на 18 улици: Реализација до крајот на летото

07.04.2026
Привремен сообраќаен режим на „Ленинова“: Започната реконструкција на вториот дел од улицата

Привремен сообраќаен режим на „Ленинова“: Започната реконструкција на вториот дел од улицата

07.04.2026

Меџити: Целосно реконструирана улицата „Јосиф Михајловиќ“ во Чаир

07.04.2026

Денес делови од Скопје без вода и струја

07.04.2026

Препорачани Вести

vakcina

СЗО верува во успехот на вакцините против рак и ХИВ

2 месеци ago

Доналд Трамп: Ќе возвратиме со сила каква што никогаш порано не е видена

1 месец ago

Популарни Вести

  • Трамп прифати примирје и ги одложи нападите – Иран тврди дека САД прифатиле план од 10 точки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МАКЕДОНСКИОТ БИСЕР ОД КАНАДА: Тео Мартиноски тропа на вратата на репрезентацијата – Европа веќе го следи!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Комуналец Прилеп апелира: Покуќнината не смее да го попречува движењето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Светот на работ: Русија и Кина ја блокираа акцијата на ОН за Хормуз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Иранцире со жив штит ги чуваат цивилните мостови од авионите на САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.