четврток, април 9, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Дали доаѓа крај на пушењето во ЕУ?

by Redakcija
17.03.2026
in Свет
Дури и повременото пушење е штетно

Европа може значително да ја намали стапката на пушење доколку се насочи кон иновации и употреба на алтернативни никотински производи, наместо кон рестриктивни мерки, се наведува во најновата анализа на Европски совет за иновации во политиките.

Во документот се посочува дека политиките базирани исклучиво на забрани не ги даваат очекуваните резултати. Наместо тоа, се предлага пристап кој ќе ги охрабри пушачите да преминат на помалку штетни алтернативи, како што се електронски цигари, никотински ќесички и уреди за загревање тутун. Сепак, овие производи во многу европски земји се предмет на ограничувања, високи даноци и негативни регулативи.

„Како што Европа напредува, потребно е фокусот да се префрли од забрани кон стратегии за намалување на штетата, кои се усогласени и со здравствените цели и со економската реалност“, се наведува во анализата. Според авторите, навиките на потрошувачите и индустријата веќе се менуваат, а клучното прашање е дали креаторите на политики ќе го следат тој тренд.

Анализата истакнува дека тутунската индустрија не исчезнува, туку се трансформира кон помалку штетни производи, процес кој треба да биде поддржан. Доколку пушачите преминат на вакви алтернативи, нивната изложеност на штетни материи значително се намалува.

Податоците од Евробарометар покажуваат дека земјите со поголем пад на пушењето имаат и повисока употреба на алтернативни производи. Како пример се наведуваат Грција, Чешка и Романија, каде е забележан пад на пушењето паралелно со зголемена употреба на загреан тутун.

Авторите предупредуваат дека строгите забрани не само што даваат ограничени здравствени резултати, туку можат да имаат и економски последици, вклучително и засилување на нелегалните пазари и зголемена зависност од увоз, особено од Кина.

Во исто време, дел од медицинската заедница во Европа поддржува внимателно користење на алтернативните производи како дел од стратегиите за намалување на штетата. Огњан Брборовиќ, професор од Медицинскиот факултет во Загреб, посочува дека ваквите производи можат да помогнат во намалување на кардиоваскуларните ризици кај пушачите, особено кај оние кои тешко се откажуваат од никотин.

„Иако се потребни дополнителни истражувања, постојните докази укажуваат дека овие производи не треба да се исклучат, туку да се разгледуваат како дел од поширока стратегија за намалување на штетата“, оценува Брборовиќ.

Дебатата во Европската Унија се интензивира во период кога и во Македонија се најавуваат построги мерки преку нов закон за заштита од пушење, кој предвидува ограничувања за продажба на дел од алтернативните никотински производи, особено оние со вкусови и ароми.

Анализата заклучува дека ЕУ има можност да го искористи технолошкиот напредок и иновациите за да постигне подобри здравствени резултати, наместо да остане во рамки на застарени политики кои, според авторите, не го даваат посакуваниот ефект.

Related Posts

ВИДЕО: Жестоки напади врз Бејрут: „Сцените се апокалиптични“

08.04.2026

ТЕНЗИИТЕ РАСТАТ: Иран се заканува со повлекување од примирјето по израелските напади во Либан

08.04.2026

ПОВТОРНО ЗАТВОРЕН ХОРМУШКИОТ ТЕСНЕЦ?

08.04.2026

ВИДЕО: По прекинот на огнот, се слави победа во Техеран

08.04.2026
Велодромот во Олимпискиот парк во Рио де Жанеиро го зафати голем пожар (ВИДЕО)

Велодромот во Олимпискиот парк во Рио де Жанеиро го зафати голем пожар (ВИДЕО)

08.04.2026
Први преку Ормутскиот теснец: Два брода од Грција и Либерија поминаа по примирјето

Први преку Ормутскиот теснец: Два брода од Грција и Либерија поминаа по примирјето

08.04.2026

Препорачани Вести

Починат маж пронајден во напуштен објект во Аеродром – до него е пронајден пиштол

1 недела ago

ТРГОВСКА ВОЈНА НА ХОРИЗОНТОТ: Трамп удира со 15% царини за целиот свет – ќе поскапат ли производите?

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Во оваа земја има најскапо гориво на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Прилеп го одбележа Меѓународниот ден на Ромите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дел од Скопје утре (09.04.2026) ќе биде без електрична енергија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Тетово и повеќе тетовски села утре 09.04.2026 ќе бидат без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Тиквеш“ триумфира во Јапонија: Две гран-при од вкупно девет награди на натпреварот SAKURA

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.