петок, август 7, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

ТРГОВСКА ВОЈНА НА ХОРИЗОНТОТ: Трамп удира со 15% царини за целиот свет – ќе поскапат ли производите?

by admin
22.02.2026
in Свет

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе ја зголеми привремената царинска стапка за увоз во САД од 10 на 15 отсто за сите земји, само еден ден по одлуката на Врховниот суд со која беа поништени неговите претходни тарифни мерки.


Новата одлука се темели на друг законски механизам – член 122 од Законот за трговија од 1974 година, кој му дозволува на претседателот да воведе царини до максимум 15 проценти во траење од 150 дена без одобрение од Конгресот.


Трамп ја донесе мерката како одговор на пресудата на судот, кој оцени дека претходно ги пречекорил своите овластувања кога вовел широки царини врз основа на закон за вонредни економски овластувања.


Во својата објава, американскиот претседател порача дека новите тарифи се насочени кон земјите кои, според него, „со децении ја искористувале“ американската економија, најавувајќи дека во наредниот период ќе работи на нови, правно издржани трговски мерки.


Економските аналитичари предупредуваат дека ваквиот потег може да ја зголеми неизвесноста во глобалната трговија и да доведе до повисоки цени за потрошувачите, додека дел од американските компании веќе изразија загриженост за можните последици.


Царините треба да стапат во сила во наредните денови и ќе важат привремено, додека администрацијата не подготви долгорочно решение.

Related Posts

Голем удар за руската авијација? Индија се откажува од набавка на Су-57

07.08.2026

ФАО: Растат цените на храната во светот

07.08.2026
Јапонски танкери без плаќање поминаа низ Ормускиот теснец

Руски дронови нападнале германски товарен брод

06.08.2026

Поранешниот командант на Украина: Русија најде начини да се спротивстави на западното оружје

06.08.2026

САД без оптимизам за брз договор со Иран, Венс најави долги преговори

06.08.2026

Трамп најави кривичен прогон за лицата што откриваат информации за залихите на оружје: САД имаат огромни резерви муниција

06.08.2026

Препорачани Вести

Сопругот тврди дека жената се самоубила: МВР со нови детали за трагедијата во Копаница

3 месеци ago

ВИДЕО: Не се гледа прст пред око – силно невреме со град го зафати Скопје

1 месец ago

Популарни Вести

  • Македонската берза во благ пораст: МБИ10 порасна за 0,08 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсени двајца крадци кои „оперирале“ само со луксузни автомобили

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Храбри минувачи спасија жена од реката Вардар кај Камениот мост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопјанец ограбен откако побарал помош за подигнување пари од банкомат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Регистрирани седум нови случаи на Западнонилска треска во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.