понеделник, ноември 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Носачот на авиони на САД УСC Џералд Р. Форд беше зафатен од пожар

by Redakcija
17.03.2026
in Свет
Носачот на авиони на САД УСC Џералд Р. Форд беше зафатен од пожар

Еден од најмоќните американски воени бродови, носачот на авиони USS Gerald R. Ford, го зафати пожар што беснееше повеќе од 30 часа остави стотици членови на екипаж без оперативни услови.

Според соопштението на Централната команда на САД, огнот не бил резултат на непријателски дејства и не ги нарушил моторните системи на бродот, кој и натаму останува активен во тековните операции. Сепак, пожарот, кој прераснал во долготрајна борба со пламенот, бил изгаснат дури по повеќе од 30 часа, а неколку членови на екипажот претрпеле отежнато дишење поради чадот.

Повеќе од 600 морнари останале без своите легла откако делови од животниот простор биле уништени или недостапни. Во моментов, многумина спијат на под, на маси или каде што ќе најдат место, додека услуги како перење облека не се во целосна функција.

Овој носач, кој е најголемиот во американската флотила и обично префрла над 4.500 членови на екипажот и авијациски персонал, е во продолжена мисија поврзана со тензиите во регионот на Иран. Неговата сегашна служба веќе го надминала стандардниот шестмесечен рок, што дополнително го оптоварува и бродот и екипажот.

„Џералд Р. Форд“, чиешто создавање чинело околу 13 милијарди долари и кој беше пуштен во служба во 2017 година, веќе се соочуваше со технички предизвици – вклучувајќи проблеми со санитарните системи.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Путин: Крајот на војната зависи од Украина – Киев мора да ги прифати компромисите

23.11.2026

Трамп со жестоки обвинувања: „Сето ова е огромна измама!“

23.11.2026

Скандал со вештачка интелигенција во Јужна Кореја: Министерот за образование поднесе оставка

23.11.2026

Американците масовно купуваат вода и генератори, Британците складираат храна: Што се случува?

23.11.2026
ВИДЕО | Сателитска снимка од нападот кај Бенгази: По рускиот воен брод, поморски дрон погодил и товарен брод

ВИДЕО | Сателитска снимка од нападот кај Бенгази: По рускиот воен брод, поморски дрон погодил и товарен брод

22.11.2026
ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

22.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Новиот дигитален граничен систем на ЕУ открива 4.000 прекршувања на Шенген правилото за 90/180 дена

8 месеци ago

Проданоски: Прилеп повторно ќе биде во центарот на европските карневалски случувања!

9 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја дел од Петровец и Гази Баба? Распоред за 24 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја четири локации во Тетовско: Прекини до пет часа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Седум случаи на семејно насилство во Македонија: Четворица мажи приведени, меѓу нив двајца од Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Нова соларна централа од 40 киловати во ОУ „Св. Климент Охридски“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.