понеделник, април 13, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Скопје

Скопска општина нуди бесплатни агрохемиски анализи за почвата на локалните земјоделци

by Simovski
17.03.2026
in Скопје
Скопска општина нуди бесплатни агрохемиски анализи за почвата на локалните земјоделци

Општина Илинден годинава повторно им нуди значајна поддршка на локалните земјоделци преку обезбедување бесплатни агрохемиски анализи на почвата. Во соработка со Факултет за земјоделски науки и храна, општината објави Јавен повик за сите заинтересирани производители кои сакаат да добијат прецизни информации за состојбата на нивното обработливо земјиште.

„Со овие анализи, земјоделците ќе добијат прецизна слика за состојбата на почвата што ја обработуваат. Така ќе можат навремено и правилно да ја ѓубрат, да ги зголемат приносите и да го подобрат квалитетот на своите производи, а истовремено ќе придонесат за намалување на загадувањето“, изјави градоначалникот Александар Георгиевски.

Овој проект е дел од Стратешкиот план за развој на општината и се реализира континуирано, со намера да се опфатат што е можно повеќе земјоделци и да се обезбедат детални податоци за состојбата на обработливото земјиште на целата територија на Илинден.

Јавниот повик е отворен од 17 март до 17 април 2026 година. За учество, заинтересираните земјоделци треба да достават копија од лична карта и имотен лист за катастарската парцела за која се бара анализа. Пријавувањето ќе се спроведува по принципот „прв дојден, прв услужен“, а право на учество имаат сите жители со живеалиште на територијата на општина Илинден.

Related Posts

ВИДЕО: Објавена снимка од обид за палење на верски објект во Скопје, истрагата е во тек

13.04.2026

Меџити: Улицата „Ферид Мурад“ добива современ изглед и поголема безбедност

10.04.2026
Општина Центар подели хуманитарни пакети за Велигден како помош за семејства во социјален ризик

Општина Центар подели хуманитарни пакети за Велигден како помош за семејства во социјален ризик

10.04.2026

Посебен сообраќаен режим за Велигден утре во Скопје

10.04.2026
Планирани прекини на струја во Центар, Бутел и Карпош

Прекин на електрична енергија во дел од Чаир

10.04.2026
Бесплатно паркирање во Центар за Велигденските празници

Бесплатно паркирање во Центар за Велигденските празници

09.04.2026

Препорачани Вести

Кога желбата за совршена кожа води кон нејзино брзо стареење

Кога желбата за совршена кожа води кон нејзино брзо стареење

3 месеци ago
29-тото издание на „Златна бубамара на популарноста“ под мото „Апсолутна власт, апсолутна забава

29-тото издание на „Златна бубамара на популарноста“ под мото „Апсолутна власт, апсолутна забава

2 месеци ago

Популарни Вести

  • (ВИДЕО) Скандал во Русија: OnlyFans моделката Ксенија на суд поради „наргиле“ направено од велигденски колач – девојката преку видео се извини на верниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гужви на граница со Грција: ЕЕЅ системот го забави преминот – нови контроли, подолги чекања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САД ја започнаа блокадата на Ормускиот теснец – Иран се закани со жесток одговор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алармантно: Секој граѓанин троши речиси 600 литри вода дневно – рекордно зголемување за 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Нов тренд во Индија –  Работници со камери на глава, луѓето ги „учат“ роботите како да работат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.