сабота, април 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Собранието го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител

by Redakcija
18.03.2026
in Македонија
Советот на јавни обвинители едногласно го поддржа Ненад Савески за нов државен јавен обвинител

Собранието денеска со 66 гласа „за“, два „против“ и осум „воздржани“ го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител.

Со ова именување, Савески ќе го наследи Љупчо Коцевски, кој поднесе оставка на 16 декември минатата година, во пресрет на собраниската седница на која требаше да се расправа за негово разрешување по предлог на Владата.

Одлуката беше констатирана од претседателот на Собранието, Африм Гаши, по околу двочасовна расправа во која пратениците ги изнесоа своите очекувања, но и критики за моментот на изборот.

Во текот на дебатата, власта и опозицијата разменија обвинувања за состојбите во правосудниот систем, при што беа отворени прашања за ниската доверба во институциите, политичкото влијание врз судството и обвинителството, како и последиците од работата на поранешното Специјално јавно обвинителство.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, кој го образложи предлогот, изјави дека јавноста долго време го очекувала овој избор.

„На Македонија ѝ е неопходна правда и отворање на случаи кои ќе го подобрат имиџот на државата и на Јавното обвинителство. Имаме мотивиран кандидат, но за резултати е потребен и тим,“ истакна Николоски.

Related Posts

Засилени сообраќајни контроли во Србија: Фокус на камиони и автобуси

Најфреквентни Табановце и Богородица: Повеќе од 16.000 македонски граѓани ја напуштиле државата во последните 24 часа

10.04.2026
Ковачевски: Левицата е фрагментирана меѓу неколку партии

Ковачевски: Левицата е фрагментирана меѓу неколку партии

10.04.2026
Подготовките за брзата пруга напредуваат, старт на теренските работи се очекува наесен

Подготовките за брзата пруга напредуваат, старт на теренските работи се очекува наесен

10.04.2026
Николоски: „Раст од 40% на градежните активности на автопатите, капиталните инвестиции над 70% реализација“

Николоски: „Раст од 40% на градежните активности на автопатите, капиталните инвестиции над 70% реализација“

10.04.2026

ВЛЕН: Албанците повеќе немаат потреба од алатки – имаат закон

10.04.2026
Денес е Велики Петок: Ден на Христовото страдање

Денес е Велики Петок: Ден на Христовото страдање

10.04.2026

Препорачани Вести

Промет од 8,26 милиони денари, стабилна сесија со минимални ценовни поместувања и раст на ОМБ од 0,39%

3 недели ago

Преспанското Езеро закрепнува: водостојот порасна за речиси половина метар

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Гостивар празнично украсен во пресрет на Велигден

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсење и претрес во Делчево – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земјотрес во источна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јаков Јозиновиќ по концертот во Скопје: Македонската публика ме остави без зборови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп најави изградба на највисока триумфална капија во светот во Вашингтон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.