среда, ноември 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Божиновска: Поддршка за младите кои ја промовираат Македонија

by Redakcija
20.03.2026
in Економија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се сретна со ученичките Марија, Јасемин и Ангела од гимназијата „Ѓорѓи Димитров“ во Скопје, кои стојат зад документарниот филм посветен на македонскиот рубин.

Филмот, кој обработува тема поврзана со природните и минералните богатства на земјава, бил награден со сребрена награда во конкуренција од околу 40 филмови. Според Божиновска, ваквиот успех е значаен, но уште поважно е што младите отвораат суштински прашања за тоа како се перципираат, чуваат и вреднуваат природните ресурси.

Таа истакна дека особено ја радува фактот што младите избираат да истражуваат теми поврзани со енергетиката, рударството и одржливото користење на ресурсите, нагласувајќи дека тоа е показател дека иднината е во сигурни раце.

Министерката порача дека институциите ќе продолжат да ги поддржуваат ваквите иницијативи, со цел да се поттикне интересот кај младите и да се зајакне нивната улога во општеството.

„Нашата заложба е да ги поддржиме младите, да ги вклучиме во креирањето политики и да им дадеме простор да бидат гласот на промените“, истакна Божиновска.

Таа ги охрабри младите да продолжат да истражуваат, да поставуваат прашања и да ја раскажуваат приказната за Македонија, потенцирајќи дека токму нивниот глас е важен за идниот развој на државата.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Во рамките на Глобалната недела на претприемништвото: Европската бизнис асоцијација ги поврза студентите со бизнис приказните

18.11.2026

Божиновска: Повеќе извори на снабдување и посилна регионална соработка за енергетска безбедност

18.11.2026

Македонија меѓу земјите со важни наоѓалишта на критични минерали, ЕУ ја препознава стратешката вредност на бакарот

18.11.2026

Макстил ја подобри заработката во третиот квартал, но деветмесечната добивка остана пониска за 27,8%

18.11.2026

„Со свои раце, создадено со љубов“: 17-тото издание на Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“ ги обедини луѓето и винската традиција

17.11.2026
ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

Божиновска: Во Варшава ќе ги претставиме приоритетите за енергетска безбедност на Македонија

18.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Киев: Русија го прекрши предложеното примирје

7 месеци ago

Три знаци, три финансиски дилеми: Кому денот ќе му заврши со добра вест?

3 недели ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО – „Црвена река“ од милиони ракови: Почна необичната преселба на Божиќниот Остров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Замор, трнење и заборавеност: Недостигот на витамин Б12 може да личи на знаци на стареење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Возачите не внимаваат на зимската замка во која често паѓаат: Светилката на инструмент-таблата нема да ве предупреди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прогласена кризна состојба во Штип

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја на локации во Петровец, Кисела Вода и Горно Соње

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.