петок, април 10, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Србија гради гасен интерконектор со Македонија за поголема енергетска сигурност

by Redakcija
20.03.2026
in Економија

Србија планира во текот на оваа година да ја започне изградбата на новиот гасен интерконектор со Северна Македонија, кој според најавите треба да биде ставен во функција на почетокот на 2028 година. Ова беше истакнато на средбата меѓу српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ и грчкиот министер за енергетика и животна средина Ставрос Папаставру.

Во фокусот на разговорите била енергетската транзиција, диверзификацијата на снабдувањето со енергенси, како и влијанието на случувањата на Блискиот Исток врз енергетскиот сектор во регионот.

Според најавите, Србија ќе гради два нови гасни интерконектори – со Северна Македонија и со Романија, со што ќе се обезбедат над 4 милијарди кубни метри дополнителен гас годишно. Капацитетот на интерконекторот со Северна Македонија се проценува на околу 1,5 милијарди кубни метри.

„Со овој проект ќе обезбедиме нови рути за снабдување со гас од различни извори, вклучително и преку ТАНАП и ЛНГ терминалите во Грција, со што ќе се зајакне енергетската безбедност“, истакна Хандановиќ.

На средбата била нагласена и потребата од поголема регионална координација во енергетиката, при што било посочено дека соработката меѓу Србија, Грција, Северна Македонија и Бугарија е од клучно значење за стабилноста во Југоисточна Европа.

Осврнувајќи се на цените на горивата, српската министерка оцени дека состојбата на глобалниот пазар е сериозен предизвик. Таа посочи дека државата веќе интервенирала за да спречи ценовен шок, нагласувајќи дека реалната цена би можела да достигне 240 до 250 динари, но Владата има намера да ги задржи цените на пониско ниво. За 20 март беше најавена нова одлука за цените што ќе важат во следниот период.

Дополнително, на средбата се разговарало и за развојот на обновливите извори на енергија. Грчкото искуство било посочено како пример, имајќи предвид дека повеќе од половина од електричната енергија во Грција се произведува од обновливи извори. Србија, пак, има цел до 2030 година да достигне 3,5 гигавати инсталиран капацитет и 45 проценти удел на зелена енергија.

Во однос на европската интеграција, Србија ги завршила неопходните чекори за приклучување кон пазарот на електрична енергија на Европската Унија, а процесот на одобрување од европските институции е во тек. Доколку се реализира, земјата би станала првата што ќе се приклучи на овој пазар без да биде членка на ЕУ.

Related Posts

Вкупен промет од 12,59 милиони денари, најголем пад кај Комерцијална банка (–4,09%), ОМБ непроменет

09.04.2026
Засилени контроли од УЈП: Бензинските пумпи должни да ги прилагодат фискалните системи по новата ДДВ мерка

Еве кои сектори ќе бидат во фокус на УЈП – Објавен е планот 2026 – 2027

09.04.2026

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ

09.04.2026
Binance: Клучните чекори за ориентирана крипто-регулација во иднина

Binance: Клучните чекори за ориентирана крипто-регулација во иднина

09.04.2026
Десет важни правила што менаџерите и претприемачите често ги игнорираат

Десет важни правила што менаџерите и претприемачите често ги игнорираат

09.04.2026
Нови 100-доларски банкноти со потпис на Доналд Трамп во оптек од јуни

Американската централна банка размислува за намалување на каматните стапки

09.04.2026

Препорачани Вести

ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО: Страјкерите за македонската армија веќе се на пристаниште во Грција

2 месеци ago

Имал ЧЕТВРТО, фалсификувал диплома за ОСМО за да може да полага за возачка?!

1 месец ago

Популарни Вести

  • Бомба од Белата куќа: Доналд Трамп ги повлекува американските војници од Европа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Путин и нареди на Руската војска да ги запрe воените дејства за Велигден во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на две возила во Скопје – млад возач заврши во Болница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа – Возачот го загубил животот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Запален автомобилот на директорка од Скопје – Полицијата со детали за случајот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.