сабота, април 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Таи Чи и медитација во Прилеп: Нов пристап за подобро здравје на трудниците

by Уредник
21.03.2026
in Република

Во прилепската Општа болница „Борка Талески“, во рамки на Школата за трудници при гинеколошкото одделение, се одржа настан посветен на практикување на Таи Чи и медитација, со цел унапредување на здравјето и благосостојбата на идните мајки.


Настанот беше организиран по повод 21 март – Светскиот ден на Таи Чи, под мотото „Спокојни почетоци“, а во организацијата учествуваа УНФПА, Амбасадата на Народна Република Кина во Скопје и Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари, во соработка со прилепската болница.


Според надлежните, Школата за трудници функционира речиси една година и е бесплатна за сите учеснички. Во неа се одржуваат теоретски предавања и практични вежби еднаш неделно, а моментално во програмата учествуваат десет трудници кои ќе продолжат со практикување на Таи Чи.


Лекарите нагласуваат дека ваквите активности, заедно со јога и физикална терапија, придонесуваат за подобро физичко и ментално здравје на мајките, како и за полесна подготовка за породување.


Од кинеската амбасада истакнаа дека Таи Чи е симбол на хармонија меѓу телото и умот и дека повеќе од 400 милиони луѓе во светот ја практикуваат оваа древна техника.


Настанот има за цел не само промоција на здрави навики, туку и продлабочување на соработката меѓу Македонија и Кина, особено меѓу збратимените градови Прилеп и Дејанг.


Инаку, од почетокот на годинава во прилепската болница се родени околу 90 новороденчиња, што дополнително ја нагласува важноста од ваквите програми за поддршка на мајчиното здравје.

Related Posts

Гостивар празнично украсен во пресрет на Велигден

11.04.2026

Земјотрес во источна Македонија

11.04.2026

Проданоски: Прилеп е симбол на воената традиција и чест

10.04.2026

Коњановски: Стадионот „Петар Милошевски“ е гордост на Битола и еден од најубавите на Балканот

10.04.2026

Проданоски: Велигден нека донесе мир и радост во секој дом

09.04.2026

Вински Фестивал Битола: Фестивал на вино, музика и градска атмосфера

09.04.2026

Препорачани Вести

Паника на светските берзи: Инвеститорите бегаат поради растечката геополитичка криза

4 недели ago

СКАНДАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Повеќе од пет години без контроли и инспекции во барот каде загинаа 40 луѓе

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Кина тајно го вооружува Иран? Разузнавачите алармираат за нова закана зад примирјето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се огласи и Ердоган за преговорите меѓу САД и Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Над 3.200 патници не добиле влез во Хрватска поради новиот систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонски метал – Клучниот што станува стратешко оружје на 21 век

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тензии на работ на нова војна: Иран испраќа итно предупредување до американската флота

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.