Регулаторната комисија денес треба да ја донесе одлуката за новите цени на горивата, кои ќе се усогласат со движењата на светските берзи, според новата неделна практика на усогласување секој понеделник.
Според последните најави, бензините би можеле да поскапат за 6,5 денари по литар, додека дизелот ќе се продава за 10,5 денари поскапо. За да се ублажи ударот врз потрошувачите, Владата веќе донесе мерка за намалување на ДДВ-то на горивата, од 18 на 10 отсто.











