недела, ноември 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Владата го намалува ДДВ на горивата на 10%

by Redakcija
23.03.2026
in Економија, Топ Вести
Владата го намалува ДДВ на горивата на 10%

Порастот на цените на енергенсите на глобално ниво, поттикнат од тензиите на Блискиот Исток, веќе ја чувствува и домашната економија. Сепак, Владата уверува дека засега ќе успее да го амортизира ударот врз граѓаните, и покрај зголемениот притисок врз пазарот на горива.

На прес-конференција, премиерот Христијан Мицкоски откри дека Македонија во моментов бележи невообичаен раст на потрошувачката на гориво – дури за околу 9 проценти повеќе од вообичаеното. Причината, според него, е јасна: значително пониските цени во земјата во споредба со соседството привлекуваат странски возачи кои масовно полнат резервоари на македонските бензински пумпи.

Овој тренд најсилно се чувствува во пограничните градови како Дебар, Струга и Охрид на запад, како и Битола и Гевгелија на југ, додека на север притисокот се концентрира во Куманово. Таму, според проценките, дневно се точат дополнителни околу 150 илјади литри гориво од страна на странски државјани.

И покрај ваквиот наплив, Владата очекува цените да останат стабилни. Регулаторната комисија за енергетика треба да ја следи оваа насока, што практично значи дека бензините нема да поскапат, додека кај дизелот се очекуваат само минимални корекции.

Според најавите, безоловниот бензин од 95 октани ќе се продава во распон од 1,37 до 1,4 евра по литар, додека 98-октанскиот ќе достигне до 1,44 евра. Дизелот, пак, ќе се движи меѓу 1,52 и 1,55 евра за литар. Овие нивоа, како што истакна премиерот, ја позиционираат земјата меѓу најевтините пазари на гориво не само во регионот, туку и пошироко во Европа.

За споредба, во Србија цените се значително повисоки, со бензинот кој достигнува и до 1,83 евра, а дизелот околу 1,8 евра за литар. Сличен тренд има и во Хрватска, каде дизелот на одредени пумпи веќе се приближува до 2 евра. Во Грција и Албанија, пак, цените на горивата се околу 1,9 евра за литар, додека во Косово дизелот надминува 1,6 евра.

Клучниот инструмент со кој Владата се обидува да го задржи овој ценовен јаз е намалувањето на ДДВ-то за горивата, од 18 на 10 проценти. Оваа мерка, како што беше најавено, ќе важи најмалку две недели, почнувајќи од ноќта меѓу 23 и 24 март.

Владините претставници нагласуваат дека ситуацијата ќе се следи од ден во ден. Доколку геополитичките и пазарните притисоци продолжат, не се исклучува можноста мерките да бидат продолжени или дополнително заострени, сè со цел да се заштити животниот стандард и да се избегне ценовен шок за домашните потрошувачи.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Станови за околу 1.000 евра по квадрат за млади брачни парови

28.11.2026

Николоски: Околу 1200 нови добро платени работни места се отвараат со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп-Битола

28.11.2026

Тоневски: Пробиштип ги укинува комуналиите за прв дом за млади брачни парови и ја зголемува помошта за трето дете

28.11.2026

Ново место за винско бегство на 10 километри од Скопје: Винарија Душа ги отвори вратите во Волково

28.11.2026

РЕС СО НОВА ПОНУДА ЗА 2027: ДО 40% ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ФИКСНА ЦЕНА И ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОПУСТИ ДО 6.000 ДЕНАРИ

28.11.2026

Лоши вести за граѓаните со кредити во евра: ЕЦБ најавува можно зголемување на каматните стапки во декември

28.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Стојаноски: Приходите од концесии се зголемени за 127%, продуктоводот повторно работи по 13 години

1 месец ago

Миланов: Лицата кои не биле на должност да бидат исклучени од постапката за случајот Пулс

10 месеци ago

Популарни Вести

  • Научниците открија нешто неочекувано во најдлабокиот дел од океанот: Мистерија на Земјата стара милиони години добива ново објаснување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сè повеќе луѓе пијат вода со мед пред спиење: Тврдат дека прави чуда, но што велат научниците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заборавете на телевизорот закачен на ѕид: Нов тренд ги освојува домовите и целосно го менува изгледот на дневната соба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија пат: Сите патни правци се проодни и се чистат од снег, сета расположлива механизација активно работи на патиштата низ државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сибирски студ доаѓа во Македонија: Следната недела температурите ќе паднат до минус 18 степени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.