Во раните утрински часови во Тел Авив, по нов ракетен напад што почна веднаш по 07:00 часот, најмалку шест лица се здобија со полесни повреди, потврди израелската служба за итни случаи Маген Давид Адом.
Според првичните информации, во градот биле погодени несколку локации во централното подрачје откако од Иран кон израелската метропола биле испратени ракети. Итните екипи итно биле распоредени низ погодените делови на градот за да им помогнат на повредените и да интервенираат на местата каде што имало материјална штета.
Иако израелските власти првично објавија дека била лансирана само една ракета, се појавуваат информации дека можеби станува збор за нова верзија на балистичка ракета со среден дострел или за иновативна дисперзивна бојна глава. Оваа глава можела да содржи 3 до 4 тешки бомби, секоја со тежина од околу 100 килограми, кои експлодирале по падот на земјата.












