вторник, март 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Туристичките резервации за источниот Медитеран паѓаат поради конфликтот во Иран

by Simovski
24.03.2026
in Магазин
Туристичките резервации за источниот Медитеран паѓаат поради конфликтот во Иран

Економските и туристичките последици од конфликтот на Блискиот Исток веќе се чувствуваат во Европа. Војната помеѓу САД, Израел и Иран влезе во својата четврта недела, а преговори за мир сè уште не се на видик. Експертите предупредуваат дека што подолго трае конфликтот, толку посилен ќе биде ударот врз економијата – од поскапување на нафтата и горивата за авионите до раст на цените на храната, ѓубривата и транспортот. Особено драматични се последиците за авиопревозот, каде што веќе се најавени поскапувања на билетите поради недостиг на авионско гориво.

Туризмот, исто така, чувствува потреси. Според „Гардијан“, се зголемува бројот на европски туристи кои го менуваат своето летување и ги избегнуваат традиционалните дестинации во источниот Медитеран. Туристите од Германија, Полска, Франција и Велика Британија наместо кон Турција, Кипар и Грција, се насочуваат кон Италија, Шпанија, Малта и Хрватска. Причината е двојна: затворен воздушен простор во делови од регионот и страв од можни воздушни напади од Иран.

Македонските туристички агенции засега не пријавуваат масовни откажувања. Кавадаречка агенција наведува дека велигденските резервации и летните аранжмани се одвиваат нормално, а интересот за Турција и Египет е намален, но незначително. Скопска агенција додава дека за Турција и Хургада се регистрирани само поединечни откажувања.

Министерството за култура и туризам на Република Турција и Агенцијата за промоција на туризмот потврдуваат дека туристичките активности низ целата земја се одвиваат без никакви ограничувања. Популарните дестинации како Истанбул, Анталија, Бодрум, Измир и Кападокија работат редовно, хотелите и турите функционираат според план, а сите летови кон и од турските аеродроми се реализираат според распоред.

Во меѓувреме, TUI Group известува за значителен раст на побарувачката за Хрватска, Италија и Шпанија, бидејќи туристите бараат побезбедни и полесно достапни локации. Ист тренд забележуваат и други туристички компании, кои ја пренасочуваат понудата кон западниот Медитеран. Акциите на авиокомпаниите и туристичките агенции бележат пад, а некои превозници веќе ги менуваат летовите кон европските туристички центри.

Related Posts

ХОРОСКОП: Денес ѕвездите ги мешаат картите – некој добива љубов, а некој пари – кој знак е на врвот?

24.03.2026
Мачките како терапевти: Како нивното присуство го подобрува нашето здравје?

Мачките како терапевти: Како нивното присуство го подобрува нашето здравје?

23.03.2026

7 дена луксуз за само 270 евра: Хит-дестинација за лето 2026

23.03.2026

Дневен хороскоп: Големи одлуки, љубовни пресврти и нови можности за сите знаци – Дознајте повеќе што ви носи денешниог ден

23.03.2026

Крај за приватноста на Инстаграм: Мета ја укинува заштитата на приватните пораки – што значи ова за корисниците!

22.03.2026

РОДЕНДЕН ПРЕТВОРЕН ВО СКАНДАЛ: Посетители му ги украдоа подароците на мајмунот Мики во ЗОО Скопје!

21.03.2026

Препорачани Вести

Земјоделци од цела Грција се упатуваат кон Атина на протест пред Парламентот

Земјоделци од цела Грција се упатуваат кон Атина на протест пред Парламентот

1 месец ago

ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Еден знак ќе има огромна среќа денес – дали сте тоа вие?

5 дена ago

Популарни Вести

  • Полициска акција во повеќе градови – Има уапсени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отстранети 45 кубни метри отпад од две диви депонии во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве кога ќе се исплатат покачените мартовски пензии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Израелски медиуми: Одреден е датум за крај на војната

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сигналот допрва доаѓа – САД со порака за Иранците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.