петок, март 27, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Мицкоски најавува дополнителни мерки доколку продолжи растот на цените на горивата

by Simovski
27.03.2026
in Македонија
Мицкоски најавува дополнителни мерки доколку продолжи растот на цените на горивата

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата постојано ја следи ситуацијата со цените на нафтата и е подготвена да преземе дополнителни мерки доколку растот продолжи по завршувањето на тековната интервенција.

Во моментов, како што истакна Мицкоски, на сила е краткорочна двонеделна мерка која го намалува ДДВ-то на горивата од 18 на 10 проценти, што директно влијае врз цените на пумпите. „Ќе ја следиме состојбата и понатаму и, ако растот на цените продолжи, следниот чекор ќе биде намалување на акцизите и маржите, односно трошоците за складирање и транспорт“, рече премиерот по отворањето на новата трафостаница „ТС Централна“ во Скопје. Тој посочи дека вакви директни интервенции преку државниот буџет, како намалувањето на ДДВ-то, ретко се среќаваат во Европа.

На прашање за растот на платите, Мицкоски оцени дека последните податоци од Државниот завод за статистика покажуваат позитивен тренд, кој е охрабрувачки, но сè уште недоволен. „Секогаш е добро кога платите растат, вклучително и во јануари. Дали тоа е доволно? Не, секогаш треба повеќе. Наш приоритет е да ги намалиме трошоците за живот и инфлацијата, и истовремено да ги зголемиме примањата на вработените“, потенцираше премиерот.

Во врска со можниот пораст на цените на храната, тој информираше дека 30 теренски тимови од Државниот пазарен инспекторат активно ја следат ситуацијата. „Сите трошоци се анализираат, а врз основа на тоа се формираат стратегии и политики. Таму каде што ќе утврдиме непазарно однесување, Владата ќе интервенира“, додаде Мицкоски, истакнувајќи дека засилениот надзор на институциите ќе продолжи со цел да се спречат злоупотреби и неоправдан пораст на цените.

Related Posts

Митрополитот Петар го предава својот личен имот во Австралија на епархијата

27.03.2026
Савески: Работата на Јавното обвинителство ќе продолжи строго според законот

Савески: Работата на Јавното обвинителство ќе продолжи строго според законот

27.03.2026
sud

Без целосен состав: ОЈО ГОКК доби четири од планираните пет обвинители

27.03.2026
javno obvinitelstvo

Советот без одлука: Ниту еден кандидат не доби доволно гласови за шеф на скопското јавно обвинителство

27.03.2026
Летниот распоред на летови поширок: 10 нови дестинации од Скопје и Охрид

Летниот распоред на летови поширок: 10 нови дестинации од Скопје и Охрид

27.03.2026
Силни снежни врнежи го блокираа патот кон Галичник: Надлежните апелираат за внимателност

Силни снежни врнежи го блокираа патот кон Галичник: Надлежните апелираат за внимателност

27.03.2026

Препорачани Вести

Кифер Сатерленд приведен во Холивуд

2 месеци ago
trump

Трамп најавува разговори со новото иранско раководство

4 недели ago

Популарни Вести

  • Митрополитот Петар го предава својот личен имот во Австралија на епархијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уметноста на живеењето како заедничка вредност: Diners Club и Драмски театар во нова ера на соработка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вкупен промет од 11,47 милиони денари, Македонски Телеком единствен добитник, ОМБ непроменет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Комуналец постави нови корпи на гробиштата во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.