Во овие исклучително тешки моменти за моето семејство, чувствувам потреба јавно да изразам целосна поддршка за мојот ТАТКО, кој со години совесно, чесно и пожртвувано ја извршува својата лекарска професија.
За жал, наместо разбирање и достоинство, сведоци сме на медиумски линч кој е најмалку потребен токму сега, кога поминуваме низ сериозна и чувствителна ситуација. Притоа, неправедно се занемаруваат стотиците луѓе на кои им помогнал, грижата што ја дал и животите кои ги спасил.
Брвенчани и Тетовчани а и Македонија многу добро знаат кој е Жарко – не само како доктор, туку и како човек.

…












