понеделник, март 30, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Предметот на обвинителот Јован Цветановски вратен на повторно разгледување, укината му е и суспензијата

by Simovski
30.03.2026
in Македонија
Извор: Плус Инфо.мк

Советот на јавни обвинители направи пресврт во случајот со Јован Цветановски, неговата суспензија е укината, а предметот се враќа на повторно разгледување поради сериозни пропусти во првостепената постапка. Со оваа одлука, Цветановски повторно седнува во обвинителската фотелја, додека дисциплинската постапка продолжува од почеток, но со јасни насоки од Советот.

Претседателот на Советот, Башким Бесими, објасни дека членовите едногласно утврдиле дека одлуката на Првостепената комисија е оптоварена со недостатоци кои не можат сами да ги коригираат. Наместо тоа, предметот го враќаат назад, со очекување Комисијата да донесе нова, правно издржана одлука. Доколку повторно има жалби, Советот ќе реагира повторно, но во рамки на своите ограничени надлежности.

Суспензијата, како што нагласи Бесими, паднала токму поради тие слабости во решението. Тоа, практично, значи дека нема правна пречка Цветановски веднаш да се врати на работа.

Инаку, Цветановски беше во фокусот на јавноста поради неговата улога во предметот за бонусите во поранешното Специјално јавно обвинителство. Неговата суспензија тогаш отвори сериозни прашања, самиот тврдеше дека станува збор за притисок и обид да се дискредитира, бидејќи одбил да потпише, како што рече, „незаконска одлука“. Дополнително, јавно говореше за влијанија од колеги обвинители и политички мотивирана позадина на случајот.

На истата седница, Советот го затвори и дисциплинскиот предмет против поранешниот виш обвинител Мустафа Хајрулахи, но не поради некаква одлука по суштината, туку затоа што тој веќе поднел барање за престанок на функцијата.

Хајрулахи, кој претходно беше суспендиран, се соочуваше со сериозни обвиненија од Основното јавно обвинителство Штип, пет дела за малтретирање во службата и едно за злоупотреба на положбата. Според обвинението, во период од повеќе од една година, наводно вршел психолошки притисок и закани врз вработени, користејќи ја својата позиција. Тој, пак, остро ги негираше сите наводи, нарекувајќи ги политички конструирани и поврзани со неговото постапување во чувствителни предмети.

Советот се осврна и на иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, која алармираше за политички притисоци врз нејзината работа, посочувајќи кон изјави од власта и објави на ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, членовите на Советот оценија дека нема доволно конкретни елементи што би докажале директно влијание врз нејзината независност, особено бидејќи во спорните изјави не било експлицитно спомнато нејзиното име.

Бесими остави отворена врата за поинаков исход во иднина, нагласувајќи дека секој случај има своја тежина и дека различни околности би можеле да доведат до ново разгледување.

Во меѓувреме, Советот најави и нов бран вработувања, ќе се распишат огласи за обвинители во повеќе градови, меѓу кои Ресен, Крива Паланка, Кочани, како и во вишите обвинителства во Битола и Скопје.

На крајот од седницата, републичкиот обвинител Ненад Савески упати јасен апел: потребна е поголема јавна комуникација за да се охрабрат правниците да конкурираат. Според него, системот не смее да остане без свеж кадар, напротив, мора активно да се мотивираат нови луѓе да влезат во обвинителската професија.

Related Posts

Вработените добиваат повисоки плати, надоместоци за ноќна и сменска работа и јубилејни награди

30.03.2026
Пелистер добива нова детска едукативна патека

Пелистер добива нова детска едукативна патека

30.03.2026
Премиерот ја исклучи Ристоска од трката за шеф на обвинителството

Советот на јавни обвинители ја одби иницијативата на Ленче Ристоска

30.03.2026
Спомен на македонските жртви на грчката граѓанска војна

Спомен на македонските жртви на грчката граѓанска војна

30.03.2026
Македонија отвора стратешки дијалог со САД

Македонија отвора стратешки дијалог со САД

30.03.2026

Возел 178 км/ч на патот Штип–Радовиш: Полицијата во акција

30.03.2026

Препорачани Вести

Почина македонскиот актер Кирил Поп Христов – Кили

Почина македонскиот актер Кирил Поп Христов – Кили

3 недели ago

Најпознатиот ТикТокер во светот Каби Лејм го лиценцираше својот лик за речиси 1 милијарда долари: AI аватар ќе го заменува ТикТокерот

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Турција предупредува на можна воена интервенција против курдските милитанти

    Турција предупредува на можна воена интервенција против курдските милитанти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Камион со 12 тони Кит-Кет чоколади исчезна на пат кон Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ова се новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје под посебен сообраќаен режим утре и задутре

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Косовски војници ќе бидат испратени во Газа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.