сабота, октомври 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Петте најскапи лекови во светот: Генетската револуција што чини милиони

by Redakcija
31.03.2026
in Магазин
Петте најскапи лекови во светот: Генетската револуција што чини милиони

Светот на медицината тивко, но револуционерно се менува. Болести кои некогаш беа неизбежна пресуда, денес можат да се третираат, но по цена што ја надминува фантазијата, милионски износи по пациент. Новиот бран на генски терапии не само што ги ублажува симптомите, туку директно ги корегира дефектите во ДНК, нудејќи можност за трајно лекување.

Но, оваа можност има висока цена. Една доза често изнесува повеќе од луксузна вила, и тоа не е преувеличување.

Слична филозофија стои зад Hemgenix, кој ја трансформира борбата со хемофилија Б. Со цена од 3,5 милиони долари, овој лек му овозможува на телото да произведува фактор за згрутчување на крвта самостојно, наместо пациентиот да зависи од редовни инфузии цел живот. Резултатот е драстично намалување на ризикот од опасни крварења – не магија, туку гени со нова функција.

За децата со Душенова мускулна дистрофија, Elevidis нуди светло во темнината. Преку терапија од над 3 милиони долари, оваа иновативна генска интервенција се обидува да го забави, па дури и делумно да го запре губењето на мускулната функција, што претходно беше незамисливо.

Постар, но исто така револуционерен е Zolgensma, со 2,1 милиони долари по доза, лекот е спас за бебиња со спинална мускулна атрофија, една од водечките генетски причини за смрт во првата година од животот. Еднократна терапија може да им овозможи на децата да седеат, ползат и дури да одеат – способности кои болеста инаку би ги одзела.

На „поевтиниот“ крај на спектарот е Luxturna, лек за ретки наследни болести на мрежницата, со цена од 850.000 долари. За разлика од конвенционалните очни терапии, тука се внесува исправен ген директно во окото, давајќи можност за значително подобрување на видот.

Заедничко за сите овие терапии е не само нивната астрономска цена, туку и нивната природа: еднаш примени, тие директно се борат со причината за болеста, наместо само со симптомите. Развојот на овие лекови е долгогодишен, често со мал број пациенти, што го оправдува делумно нивниот неверојатен трошок.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Дали знаете што пишува под ликот на свети Димитриј во црква крај Солун?

31.10.2026

Турците имаат посебен метод за перење крпи: Со него стануваат меки и изгледаат како нови

31.10.2026

Британците го избраа за најдобар половен автомобил: Што треба да знаат македонските купувачи за „Хјундаи јоник 5“?

31.10.2026

Може ли да се врати подарен стан? Кога родителите можат да побараат правна заштита

31.10.2026

Нов услов за патување кон Америка: Што треба да знаете пред да тргнете на аеродром?

30.10.2026

Пари што ги отпишале повторно се во игра: Финансиски хороскоп за 30 октомври

30.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Муцунски и Хоџа разговараа за положбата на македонското малцинство во Албанија, билатералните односи и европската перспектива

Муцунски и Хоџа разговараа за положбата на македонското малцинство во Албанија, билатералните односи и европската перспектива

8 месеци ago
Сè поскап одмор и дома: Колку чини летувањето во Македонија оваа сезона?

Сè поскап одмор и дома: Колку чини летувањето во Македонија оваа сезона?

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали знаете што пишува под ликот на свети Димитриј во црква крај Солун?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата постапува по неколку напади во Тетово, приведен и осуденик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола: Култура, спорт и хуманост во чест на 4 Ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.