Иранските сили нападнале кувајтски танкер за нафта додека бил закотвен во пристаништето во Дубаи, објави кувајтската државна новинска агенција, повикувајќи се на Кувајтската нафтена корпорација.
Според официјалните информации, дрон удрил во танкерот по што избувнал пожар во емиратските води. Властите на Дубаи соопштија дека сите 24 членови на екипажот се безбедни и нема повредени, додека противпожарните екипи навремено интервенирале и го ставиле огнот под контрола.
Танкерот „Ал-Салми“, кој во моментот на нападот бил целосно натоварен, претрпел оштетувања на трупот. Надлежните предупредуваат дека постоел ризик од излевање на нафта во морето, но се преземени мерки за спречување на еколошка штета.
Според податоците од компанијата што ги следи движењата на танкерите, бродот превезувал околу два милиони барели сурова нафта, од кои поголемиот дел биле од Саудиска Арабија и Кувајт. Станува збор за танкер долг речиси 335 метри, изграден во 2011 година.
Иран засега не се огласи за инцидентот. Во меѓувреме, кувајтската војска соопшти дека се соочува со напади со ракети и беспилотни летала.
Овој напад е дел од пошироката ескалација во регионот, по серијата напади врз воени и цивилни цели во земјите од Заливот. Во изминатите денови беа погодени и цели во Саудиска Арабија и Кувајт, но без човечки жртви.
Kuwait Petroleum Corporation:
The Kuwaiti supertanker "Al-Salmi" was targeted by Iranians.
Kuwait warns of the possibility of an oil spill in the waters after the targeting of the oil tanker "Al-Salmi".
Hearing the sound of an explosion in Kuwait.
The whistles are sounding in… pic.twitter.com/DIWPLlfGrF
— CaptainToxic Analytics (@Michael91387113) March 30, 2026
Воедно, поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец е значително намален, откако зголемените напади врз комерцијални бродови создадоа сериозни безбедносни ризици во еден од најважните светски транспортни коридори за нафта.
…












