Жителите на дел од скопската населба Кисела Вода денеска ќе се соочат со привремен прекин на електричната енергија поради планирани интервенции во електродистрибутивната мрежа, информираат од ЕВН Македонија.
Според најавите, од 9 до 14 часот без напојување ќе останат домаќинствата на улицата Есенинова број 8, на Борис Трајковски број 1 (дел од влез 1), како и објектите на улицата Жил Верн број 12. Од компанијата апелираат до граѓаните навреме да ги прилагодат своите обврски и да покажат разбирање за неопходните зафати со цел подобрување на мрежата.











