понеделник, ноември 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Благовештение: Радосната вест и знакот на новиот почеток

by Redakcija
07.04.2026
in Македонија
Благовештение: Радосната вест и знакот на новиот почеток

На 7 април, православниот свет го слави еден од највозвишените христијански празници, Благовештение на Пресвета Богородица, познато кај народот како Благовец. Овој ден не е само црвено слово во календарот; тоа е симбол на духовен нов почеток, момент кога се родила надежта за спасение на човештвото.

Според Светото Евангелие, токму на овој ден архангелот Гаврил ѝ ја донел радосната вест на Дева Марија дека ќе го роди Спасителот. Нивните зборови „Нека ми биде по зборот твој“ се вечен пример за вера, доверба и прифаќање на Божјата волја.

Благовештение е ден на будење, кога природата и човекот заедно се подготвуваат за нов живот. Народното верување го поврзува овој ден со крајот на зимата и почетокот на животниот циклус, па не е ни чудо што често се вели „Благовец – прв ден Велигден.“

Во народната традиција, жените имаат посебна улога на Благовештение. Се верува дека нивните постапки носат благослов за домот и семејството. На овој ден жените се молеле пред иконите на Богородица, посветувајќи се на духовна чистота, особено оние кои посакувале мајчинство или хармонија дома. Исто така, се воздржувале од суета – не се чешлале, за да се насочи вниманието кон внатрешната убавина, наместо кон надворешниот изглед. Раното станување и темелното чистење на домот било уште еден начин да се привлече позитивна енергија и да се „истера злото“ од куќата.

Благовештение е богат со обичаи кои се чуваат со генерации. Вечерта пред празникот се палеле огнови, а луѓето ги прескокнувале за здравје и заштита. Се избегнувал зборот „змија“, за да не се разбудат од зимски сон. Земјоделските работи започнувале токму на овој ден, а птиците мигранти, како штркот и ластовицата, се враќале дома. Некои родители дупчеле уши на децата, верувајќи дека „рана на Благовец не боли“. Еден од најсимболичните обичаи бил да се вкуси првиот мед во годината, со уверување дека така целата година ќе биде „слатка“, полна со здравје, љубов и благосостојба.и првиот мед во годината, така целата година ќе биде „слатка“, полна со здравје и благосостојба.

Од Благовештение до Велики Петок, според народните верувања, е идеален период за важни одлуки: нов бизнис, преселба или големи животни промени. Овој „отворен пат“ нуди шанса за успех и напредок.

Современото секојдневие често нè оптоварува со брзина и стрес, но Благовештение потсетува дека вистинските промени започнуваат одвнатре. Секоја тивка молитва, секое внатрешно смирување е чекор кон нов почеток. Како што велат духовните учители: „Внатрешната тишина и верата се семето од кое никнува секој нов живот.“

Благовештение е ден за надеж, за почеток и за вера дека светот, и секој од нас, секогаш може да започне одново.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на отворањето на шест нови, реконструирани операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори, редовните ќе се одржат во април 2028 година

23.11.2026

Божиновска: Младите инженери имаат можност да учат, да напредуваат и да работат на важни проекти дома

23.11.2026

Средба Николоски -Зомер: Унапредување на економската соработка, инвестиции и туризмот

23.11.2026

Мицкоски со мерки за младите: Поевтини станови и полесен пат до сопствен дом

23.11.2026
Македонија

Добри вести за вработените: Во 2027 година нè очекуваат пет продолжени викенди

23.11.2026

Пред 2.700 години во Македонија живееле жени со висок општествен статус: Нивниот накит открива древни мистерии

23.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Евровизија 2026 во Виена под сенка на политички тензии и повици за бојкот

Евровизија 2026 во Виена под сенка на политички тензии и повици за бојкот

7 месеци ago
Алармантни 24 часа во Македонија: Дури 11 пријави за семејно насилство – тепани сопруги, закани и деца избркани од домот

Алармантни 24 часа во Македонија: Дури 11 пријави за семејно насилство – тепани сопруги, закани и деца избркани од домот

2 недели ago

Популарни Вести

  • Вучиќ поднесе оставка од претседателската функција: Ќе се бори за премиерската позиција

    Вучиќ: Ако се обидат да ме уапсат, ќе штрајкувам со глад – милион луѓе ќе излезат на улиците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија со сериозно предупредување до Естонија: „На работ сте да предизвикате отворена војна“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Масовна евакуација во Украина: Зеленски побара помош од САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја дел од Петровец и Гази Баба? Распоред за 24 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја четири локации во Тетовско: Прекини до пет часа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.