вторник, април 7, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Скопје

Општина Аеродром инвестира 138 милиони денари во реконструкција на 18 улици: Реализација до крајот на летото

by Simovski
07.04.2026
in Скопје
Општина Аеродром инвестира 138 милиони денари во реконструкција на 18 улици: Реализација до крајот на летото

Денес премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески, направија увид во градежните активности на една од клучните сообраќајници во населбата Мичурин, улицата Симеон Кавракиров. Со тоа официјално беше означен стартот на долгочекуваната реконструкција, која има за цел значително да го подобри квалитетот на живот на локалното население.

Со должина од 485 метри, оваа улица претставува важна артерија низ која секојдневно се движи интензивен сообраќај. Реконструкцијата опфаќа целосна обнова на коловозот, изградба на безбедни тротоари и поставување нов асфалт. Во рамки на проектот, ќе се постават 3.950 квадратни метри нов асфалт и 2.305 квадратни метри бехатон тротоари, со вкупна инвестиција од 22.630.000 денари.

Премиерот Мицкоски нагласи дека ваквите проекти не се само инфраструктурни зафати, туку директно влијаат на квалитетот на секојдневниот живот на граѓаните.

„Општина Аеродром добива значајна додадена вредност преку проектите финансирани од Владата, со вкупна вредност над 130 милиони денари. Ова се докажува дека ветеното се реализира во пракса, и граѓаните можат да ја почувствуваат разликата“ изјави премиерот.

Тој се заблагодари на градоначалникот, локалните советници и пратениците за нивната посветеност во спроведувањето на инфраструктурните проекти, истакнувајќи дека динамиката со која се работи е охрабрувачка и ветува дека започнатите проекти ќе бидат завршени уште оваа година.

Градоначалникот Митески, пак, потсети дека реконструкцијата на улицата Симеон Кавракиров е дел од поширок инфраструктурен проект кој опфаќа вкупно 18 улици во општината, со комбинирана должина од 5,4 километри и вкупна вредност од 138 милиони денари.

„Ова е третата улица што се реконструира по ред. Двете претходни веќе се во тек, а очекуваме до крајот на летото сите 18 улици да бидат комплетно обновени. Општина Аеродром останува посветена на изградба на модерна, безбедна и функционална инфраструктура, во интерес на сите граѓани“ истакна Митески.

Related Posts

Скопска општина подели над 140 пакети за семејства во социјален ризик

Скопска општина подели над 140 пакети за семејства во социјален ризик

07.04.2026
Привремен сообраќаен режим на „Ленинова“: Започната реконструкција на вториот дел од улицата

Привремен сообраќаен режим на „Ленинова“: Започната реконструкција на вториот дел од улицата

07.04.2026

Меџити: Целосно реконструирана улицата „Јосиф Михајловиќ“ во Чаир

07.04.2026

Денес делови од Скопје без вода и струја

07.04.2026
Водата во Кичево е безбедна за пиење, потврдено од Институтот за јавно здравје – Битола

Дел од Скопје денес без вода

06.04.2026
Планирани прекини на струја во Центар, Бутел и Карпош

Планирани прекини на електрична енергија денес во дел од Скопје

06.04.2026

Препорачани Вести

Автомобилското стакло под ризик: Екстремните температури можат да предизвикаат пукнатини

3 месеци ago

ВИДЕО: Како изгледало Тетово во 1978 година

4 недели ago

Популарни Вести

  • Вкупен промет од 19,72 милиони денари, раст кај НЛБ, Стопанска банка и Македонски Телеком – ОМБ непроменет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Предметот за злоупотреби во РЕК Битола се префрла во Струга по изземањето на сите битолски судии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп: „Целата цивилизација ќе умре вечерва“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Размена на оган пред израелскиот конзулат во Истанбул: Повеќе напаѓачи загинати, полицајци повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопска општина подели над 140 пакети за семејства во социјален ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.