вторник, април 7, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

„Социолошкиот дискурс на Крсте Петков Мисирков“: Монографија што ги истражува неговите визии за Македонија

by Simovski
07.04.2026
in Македонија
„Социолошкиот дискурс на Крсте Петков Мисирков“: Монографија што ги истражува неговите визии за Македонија

Шест години по почетокот на своето истражување, проф. д-р Ганка Цветанова го заокружи својот значаен социолошки и интердисциплинарен труд „Социолошкиот дискурс на Крсте Петков Мисирков за македонскиот идентитет и за нацијата“. Монографијата, како што оценува проф. д-р Константин Миновски, не е само академски труд, туку и аналитички преглед на визионерството на Мисирков, човекот кој во време кога автономна Македонија и национална црква биле далечна идеја, веќе го замислувал универзитетот и Академијата на науките како реалност на иднината.

Цветанова истакнува повеќе аспекти на значењето на Мисирков за македонската нација. Со „За македонцките работи“, тој поставува основи за македонскиот литературен јазик и правопис, а истовремено неговиот труд се претвора во своевидна „Библија на Македонците“, документ кој се препрочитува, кој ја обликува националната свест и има повеќеслојна вредност: историска, јазична и политичка.

Проф. д-р Цветанова го истакнува Мисирков како еден од столбовите на македонското национално движење: славист, историчар, етнограф, публицист и еден од основачите на Македонското научно-литературно другарство, претходник на денешната Македонска академија на науките и уметностите.

Академик Катица Ќулавкова дополнува дека оваа монографија не е само научен придонес, туку труд што ќе остави длабок белег врз македонскиот јазик, култура и национален идентитет, потврдувајќи ја улогата на Мисирков како визионер кој ја надживеал својата епоха.

Симболично, завршувањето на ова истражување се совпадна со одбележувањето на 100-годишнината од смртта на Крсте Петков Мисирков.

Related Posts

ministerstvo za pravda

Мицкоски: Решението за правосудниот испит мора да биде уставно и според меѓународни стандарди

07.04.2026
Денот на Царинската управа се одбележува со организиран настан во Куманово

Шпански државјанин фатен со нелегално увезена опрема за тетовирање и пирсинг на аеродромот во Скопје

07.04.2026

Кои неработни денови ни претстојат за Велигденските празници?

07.04.2026
Апелација ја укина пресудата против Лидија Димова, предметот вратен на повторно судење

Апелација ја укина пресудата против Лидија Димова, предметот вратен на повторно судење

07.04.2026

Температурен шок за Велигден – еве какво време нѐ очекува!

07.04.2026
Благовештение: Радосната вест и знакот на новиот почеток

Благовештение: Радосната вест и знакот на новиот почеток

07.04.2026

Препорачани Вести

Црна Гора под вода: поплавени домови, изолирани населби и излеани реки по силни дождови

3 месеци ago

Тело на жена пронајдено во двор во Куманово: се утврдуваат причините за смртта

2 недели ago

Популарни Вести

  • Млада битолчанка починала во гостиварската болница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маж од Тетово измамен за 2.230 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Нападнат клучниот ирански остров!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп се закани дека „целиот“ Иран вечерва би можела да биде уништена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата по Велигден со нов пакет мерки: Пониско ДДВ и контрола на маржите за основни производи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.