петок, април 10, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Скопје

Посебен сообраќаен режим за Велигден утре во Скопје

by Simovski
10.04.2026
in Скопје

По повод големиот христијански празник „Воскресение Христово – Велигден“, СВР Скопје најавува воведување на посебен сообраќаен режим утре (11 април 2025 година), кој ќе важи во периодот од 18:00 часот па сè до завршување на празничните верски настани.

Од Единицата за безбедност на патниот сообраќај информираат дека, доколку се процени потреба на терен, ќе има привремени затворања на повеќе клучни сообраќајници во централното градско подрачје на Скопје. Меѓу нив се булеварот „Партизански одреди“ на потегот од крстосницата со улица „Франклин Рузвелт“ до крстосницата со булевар „ВМРО“, потоа булевар „Св. Климент Охридски“ од булевар „Илинден“ до улица „Димитрие Чуповски“, како и улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ од спојот со „9-ти Мај“ до кружниот тек кај „Св. Кирил и Методиј“.

Промени се предвидуваат и во јавниот превоз. Автобусите што сообраќаат преку мостот „Гоце Делчев“ по потреба ќе се пренасочуваат преку булевар „Илинден“ и улица „Франклин Рузвелт“ кон „Партизански одреди“. Дел од линиите што минуваат низ центарот ќе бидат пренасочени преку „М.Т. Гологанов“ и исто така преку „Франклин Рузвелт“, со идентични алтернативни рути и во обратна насока.

Во општина Ѓорче Петров, по потреба ќе се затвори улицата „Македонска војска“ во близина на црквата „Свети Петар и Павле“, на потегот од булевар „Партизански одреди“ до улица „Ѓорче Петров“. Дополнително, во општина Аеродром е предвидено евентуално затворање на локалниот пат кон селото Лисиче.

Надлежните посочуваат дека, во зависност од развојот на настаните и безбедносната проценка, може да бидат ограничени и други улици во околината на верските објекти. Од МВР апелираат граѓаните да ја следат поставената сигнализација и строго да постапуваат по насоките на полициските службеници на терен.

Related Posts

Планирани прекини на струја во Центар, Бутел и Карпош

Прекин на електрична енергија во дел од Чаир

10.04.2026
Бесплатно паркирање во Центар за Велигденските празници

Бесплатно паркирање во Центар за Велигденските празници

09.04.2026
Прекин на водоснабдување на булевар „Илинден“ во Карпош поради дефект на цевка

Прекин на водоснабдувањето во делови на Скопје

09.04.2026
Прекин на струја во Шуто Оризари

Дел од Скопје утре (09.04.2026) ќе биде без електрична енергија

08.04.2026

Меџити: Над 40 домаќинства во населбата Гази Баба добиваат сигурно водоснабдување, следува асфалтирање на улицата „Аврам Писевски“

08.04.2026
struja

Денес планирани прекини на струја во повеќе скопски општини

08.04.2026

Препорачани Вести

Прекин на струја во Шуто Оризари

Дел од Скопје утре (09.04.2026) ќе биде без електрична енергија

2 дена ago

Системот „Безбеден град“ открива – Ова се најчестите прекршоци

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Меланија Трамп ги отфрла поврзувањата со Епштајн и го повика Конгресот да ги сослуша преживеаните жртви

    Меланија Трамп ги отфрла поврзувањата со Епштајн и го повика Конгресот да ги сослуша преживеаните жртви

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Индексите на Волстрит во плус и покрај геополитичката неизвесност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марио: Лик што ја обликуваше историјата на видеоигрите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Црно кафе или со додатоци: Што е навистина диетално?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со пониски цени на горивата од европскиот просек: Во ЕУ, дизелот поскап за 30%, бензинот за 15%

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.