Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до граѓаните по повод најголемиот христијански празник – Велигден.
Во својата порака, Проданоски истакна дека Велигден е симбол на најдлабоката вистина дека животот секогаш победува, дека надежта никогаш не згаснува и дека по секоја темнина доаѓа светлина.
Тој нагласи дека празникот е време кога граѓаните се враќаат кон вистинските вредности, љубовта кон ближниот, простувањето, разбирањето и внатрешниот мир.
„Во овие празнични денови ви посакувам добро здравје, спокој и радост во вашите домови. Нека Велигден донесе топлина во семејствата, благосостојба и сила за предизвиците што следуваат“, порача Проданоски.
Градоначалникот им посака на граѓаните празничните денови да ги поминат во мир, со најблиските, исполнети со радост и убави моменти, додавајќи дека празникот треба да донесе нова енергија и оптимизам.
Честитката ја заврши со пораката: „За многу години, среќен и благословен Велигден!“.
…












