недела, ноември 15, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

ЌЕ ПЛАЌАТЕ СКАПО АКО НЕ ГИ ЗНАЕТЕ ОВИЕ ПРАВИЛА: Еве што ги чека македонските туристи во Грција ова лето

by Redakcija
15.04.2026
in Магазин
ЌЕ ПЛАЌАТЕ СКАПО АКО НЕ ГИ ЗНАЕТЕ ОВИЕ ПРАВИЛА: Еве што ги чека македонските туристи во Грција ова лето

Со приближувањето на летната туристичка сезона, илјадници македонски граѓани се подготвуваат за одмор во Грција – една од најомилените дестинации. Но, годинава грчките власти најавуваат засилени контроли и ригорозно спроведување на правилата, а нивното непочитување може сериозно да го „испразни“ вашиот буџет.

Иако дел од правилата на прв поглед изгледаат безопасно, казните што следуваат можат да достигнат и до неколку илјади евра.

Заборавете на штиклите на историски локалитети

Посетата на познатите археолошки места има свои строги правила. На пример, носењето обувки со високи потпетици е строго забрането, со цел да се заштити древниот мермер. Доколку не се придржувате, може да бидете спречени да влезете, па дури и казнети со суми до 900 евра.

Пушење во автомобил? Казните се шокантни

Грција има нулта толеранција за пушење во возило кога има деца. Ако во автомобилот има дете под 12 години, казните се драстични:

  • 1.500 евра за приватно возило
  • до 3.000 евра за службено или изнајмено возило

Покрај тоа, возачот останува без возачка дозвола на еден месец – без разлика кој пушел.

Сообраќајните прекршоци под лупа

Ова лето се очекуваат засилени контроли, вклучително и камери што автоматски ги регистрираат прекршоците. Најчестите казни вклучуваат:

  • Алкохол зад волан – до 1.200 евра
  • Пречекорување брзина – од 100 евра
  • Поминување на црвено – 700 евра
  • Неврзан појас – 350 евра
  • Користење мобилен телефон – 100 евра

Паркиравте погрешно? Можно е да останете без таблички

Непрописното паркирање, особено во туристичките зони и близу плажи, може веднаш да резултира со одземање на табличките. Дополнително, дозволата може да ви биде одземена до 10 дена, а сообраќајната до 20 дена.

Не допирајте ништо во музеите

Во музеите и на археолошките локалитети важи строго правило – експонатите не смеат да се допираат. Прекршувањето може да доведе до санкции, но и до отстранување од објектот.

Внимавајте како ја користите водата

Поради ограничени ресурси во летниот период, во одредени региони важат рестрикции. Миење автомобили на улица или во двор е забрането, а некаде има ограничувања и за наводнување.

Климата не е за целодневна употреба

Сопствениците на сместувања апелираат туристите да не ги оставаат клима уредите вклучени додека се на плажа. Освен што создава големи трошоци, ова има и негативно влијание врз животната средина.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Злато на лицето и сонце со 16 зраци на градите: Мистеријата на девојчето погребано пред 2.500 години во Охрид

15.11.2026

Недела за блискост и нови познанства: Што носи хороскопот за 15 ноември?

15.11.2026
Развод од 70 милијарди долари? По оставката на шефот на „Нвидиа“, светот шпекулира за неговото богатство

Развод од 70 милијарди долари? По оставката на шефот на „Нвидиа“, светот шпекулира за неговото богатство

14.11.2026
Гласно ’рчење и замор преку ден: Знаците што можат да откријат прекини во дишењето за време на сон

Гласно ’рчење и замор преку ден: Знаците што можат да откријат прекини во дишењето за време на сон

14.11.2026
МАЈКСАНДЕР ВЕЛИКИ: Мајк Тајсон со објава што им го привлече вниманието на Македонците

МАЈКСАНДЕР ВЕЛИКИ: Мајк Тајсон со објава што им го привлече вниманието на Македонците

14.11.2026
Сабота носи љубовни изненадувања и нови можности: Еве што им порачуваат ѕвездите на хороскопските знаци

Сабота носи љубовни изненадувања и нови можности: Еве што им порачуваат ѕвездите на хороскопските знаци

14.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Николоски: Коридор 8 се гради според план, една лента од автопатот Прилеп – Битола ќе биде пуштена во сообраќај следната година

Николоски: Коридор 8 се гради според план, една лента од автопатот Прилеп – Битола ќе биде пуштена во сообраќај следната година

6 месеци ago
Димитриеска-Кочоска: Секој денар од буџетот мора да има економска оправданост и развојна цел

Гордана Димитриеска-Кочоска: Не постоела силна одлучност во имплементацијата на стратегиите за борба со сивата економија до сега

9 месеци ago

Популарни Вести

  • Од денеска задолжителна зимска опрема: Еве какви гуми и синџири мора да имаат возачите за да избегнат казна од 45 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајден во мемоарите за Зеленски: Беше тврдоглав и не покажуваше благодарност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украинците нападнаа: Гори петрохемиски комплекс, загина раководител на трафостаница, разурнат мост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 13 загинати пожарникари во Грција годинава: Претседателот на здружението со солзи го прозва Мицотакис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иран нападнал американска воена база во Бахреин со шест дрона: Прогласена воздушна тревога

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.