четврток, ноември 5, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Се враќа редовната бродска линија Грција-Кипар

by Redakcija
16.04.2026
in Магазин
Се враќа редовната бродска линија Грција-Кипар

По долга пауза од повеќе од две децении, повторно се зацврстува поморската врска меѓу Грција и Кипар, со директна траектна линија што и ова лето ќе ги поврзува двете земји.

Линијата, која повторно беше воспоставена во 2022 година по прекин од над 20 години, годинава влегува во својата петта сезона на сообраќање и ќе функционира од крајот на мај до 1 септември. Патувањето трае околу 31 час, а цените остануваат непроменети во однос на лани.

Оваа сезона ќе сообраќа поголем траект со капацитет за 394 патници и 290 возила. Бродот располага со различни типови сместување: еднокреветни, двокреветни и четирикреветни кабини, како и специјални кабини за лица со попреченост и за патници со домашни миленици.

За оние кои не избираат кабина, достапни се и 84 авионски седишта. На бродот има и ресторан, кафетерија, медицинска служба и казино, што го прави патувањето повеќе од обичен превоз.

Според официјалните информации од Министерството за поморство на Кипар, ценовникот останува ист:

  • Седиште: од 41,08 евра во еден правец (82,16 повратно)
  • Четирикреветна кабина: 66,08 евра (132,16 повратно)
  • Двокреветна кабина: 71,08 евра (142,16 повратно)
  • Еднокреветна кабина: 76,08 евра (152,16 повратно)
  • Возило до 5 метри: 134,05 евра (268,10 повратно)
  • Превоз на домашни миленици во кабина: 50 евра

За 2026 година се планирани вкупно 22 повратни патувања: шест во периодот мај–јуни, осум во јули и уште осум во август–септември.

Иако фреквенцијата е ограничена, интересот за оваа линија расте. Според податоците од последните четири години, забележан е раст од над 6% во бројот на патници, значително зголемување на патниците со попреченост, како и пораст на бројот на превезени возила и домашни миленици.

Поморската врска меѓу двете земји, првпат била воспоставена во 1960 година, поврзувајќи повеќе медитерански пристаништа, вклучувајќи и Израел, Либан и Египет.

Сепак, во 2000 година линијата била укината поради економска неисплатливост и пад на бројот на патници. Две децении подоцна, таа повторно оживува и станува сѐ попопуларна летна алтернатива за патување меѓу источниот Медитеран.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Дневен хороскоп за 5 ноември: Раковите пред искрен разговор, а Јарците да не прифаќаат работа без јасен договор

05.11.2026

Самрак на вековниот симбол на шведската индустрија

04.11.2026

Зошто некои луѓе ставаат костени во плакарот? Стариот обичај има една цел

04.11.2026

Поранешен агент открива пет знаци за можна лага: „Слушајте ги одговорите, но не избрзувајте со обвинувања“

04.11.2026

Пред да купите нешто на попуст, поставете си едно прашање

04.11.2026

Дневен хороскоп за 4 ноември: Биковите да внимаваат со парите, а Скорпиите да направат чекор во љубовта

04.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Малкумина знаат дека ова е вистинското име на Пепи Бафтировски

Малкумина знаат дека ова е вистинското име на Пепи Бафтировски

7 месеци ago

Недела што може да промени многу: Ѕвездите откриваат кому му се насмевнува среќата на 7 јуни

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Дневен хороскоп за 5 ноември: Раковите пред искрен разговор, а Јарците да не прифаќаат работа без јасен договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Да ги чуваме вредностите на слободата и да градиме подобро утре – доделени наградите „4 Ноември“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕК го нотира напредокот: Македонија ја забрзува енергетската транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве до кога се очекуваат парите од „МојДДВ“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Можат ли сега демократите да го сменат Трамп?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.