петок, април 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

(ВИДЕО) Димитровски: Вистината е најсилната светлина

by Redakcija
17.04.2026
in Република, Топ Вести

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, преку видео обраќање на социјалните мрежи ѝ се обрати на јавноста:

Денес, во оваа Светла недела по Велигден, на овој ден кој се празнува како Источен петок Балаклија или Животоносен Источник, Битола живее со една востановена традиција на одбележување на празникот, кај нас познат и како Градски – селски Велигден, кога преку манифестацијата „Весел Петок“ се одржуваат бројни настани во градот, а центарот на случувањата е населбата Јенимаале.


Во овој настан, учествуваат наши ученици, културно уметнички друштва од повеќе градови во државата, но и од други земји.
И ова е еден настан, чиј носител е Културно уметничкото друштво Илинден, со сопствени ресурси и продолжување на соработката со институциите и здруженијата со кои веќе долги години соработува.
Токму ова друштво, во изминатиот период беше предмет на навреди и шпекулации, со тенденциозна намера да се изврши атак врз мојата личност и да се минимизира неговото успешно 70 годишно делување.


Денес сум тука, со директен поглед во очите на јавноста и моите сограѓани да проговорам за единствената вистина за КУД Илинден, Трчај бе и Атлетскиот клуб Олимп, чие делување никако не смее да биде минимизирано, преку дискредитирање на мојата личност и претставување на некаков конфликт на интереси или злоупотреба на мојата службена положба.
Уште со моето прво назначување за Секретар на општината во 2022, а потоа и во 2025 потпишав изјава со која се обврзав дека нема да учествувам и влијаам во никакви процеси на селекција и одобрување на финансиски средства за правни субјекти кои ги раководат членови на моето семејство. Ова не беше само обврска на хартија, туку е начин на делување за цел овој период додека сум секретар, а во кој нагласувам немам апсолутно никакво влијание на комисиските одлуки за доделување на средства.
За да нема никакви дилеми, колку средства добиле овие успешно етаблирани здруженија кои се врзуваат со моето име, преку имињата на членовите на моето семејство, направив детална анализа на сите финансиски картици за периодот 2021-2026, за да можам пред Вас почитувани граѓани, пријатели и соработници, да зборувам за вистина на факти и докази:

  • КУД Илинден, каде во моментот членуваат 400 членови од сите возрасти, а минатите 4 години ја претставуваше Македонија на меѓународни фестивали во Полска, Хрватска, Португалија, Албанија, Србија, Унгарија, Турција, Чешка, Франција, Бугарија, Шпанија, како и на светската фолклоријада во Уфа, Русија, за период од 4 години од Општина Битола има добиено вкупна поддршка од 820.000 денари. Морам да напоменам дека друштвото и претходно било поддржувано од локалната самоуправа и од други градоначалници.
  • „Трчај бе“ e уште една манифестација, која донесе илјадници гости во Битола, а успешно ја раководи мојот брат, Никола Димитровски. Вкупната поддршка од 2021 до 2026 за оваа манифестација е 1.500.000 денари.
  • Атлетскиот клуб „Олимп“, кој веќе е препознатлив спортски амбасадор на Битола, во изминатите 4 години добил 260.000 денари.

Или сумарно сите 3 здруженија кои се поврзуваат со членови на моето семејство, за период од 4 години, добиле финансиска поддршка во вкупен износ од 2.580.000 денари, а за тоа согласно општинските критериуми, правила и процедури, одлуките ги донесле, комисии составени од советници од Советот на Општина Битола, надворешни експерти или вработени во општинската администрација, врз кои не сум имал никакво влијание.

Морам да нагласам дека, беше направен обид и за фрлање дамка и врз адвокатското друштво „Димитровски“, кое по ниту еден основ нема воспоставено соработка со Општина Битола, а со тоа нема добиено ниту денар за некакви услуги кон општината.


На крај, ова не е мое оправдување пред јавноста, туку обелоденување на единствената вистина преку која се докажува дека функцијата е времена и менлива и таа не е и не смее да биде критериум за квалитет или мерливост за успешност.


Впрочем, сите овие манифестации години наназад биле препознати од битолчани, од националните институции и други меѓународни фондации, кои обезбедувале поддршка на одредени проекти, со голема видливост, голем број учесници, одреден прилив на средства, но многу поголеми расходи.
Горд сум, што членови на моето семејство стојат зад овие успешни проекти, значајни за Битола, а за кои во ниту еден момент не сум дозволил да ме понесе субјективниот фактор и не сум одлучувал.


Дека ова што го зборувам е точно оставам да потврди јавноста, а јас лично ќе ги повикам надлежните органи да извршат проверка во одобрувањето на општински средства за споменатите правни субјекти и доколку за истите констатираат било каква неправилност, јавноста ќе биде навремено известена, со преземање на цела моја одговорност.
Новинарската етика и кодекс на оние кои се обидоа да изнесуваат невистини, нема да ги коментирам затоа што за тоа постојат Совет на честа и Совет за етика на медиумите, кои верувам ќе извршат соодветна анализа и ќе го објават својот став.
Нека ни е честит денешниот празник и Битола нека продолжи да живее како град на културни и спортски манифестации со врвен квалитет.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

…

Related Posts

Битола со нов јавен повик: средства за младински, социјални и безбедносни совети

17.04.2026
Мицкоски: „Снабдувањето со нафта е целосно стабилно, Македонија со најниски цени на горива во регионот и надвор од енергетски ризик“

Мицкоски: „Снабдувањето со нафта е целосно стабилно, Македонија со најниски цени на горива во регионот и надвор од енергетски ризик“

17.04.2026

ВИДЕО – Коњановски: Решаваме долгогодишен проблем со паркирањето во Битола

17.04.2026

Димитриеска-Кочоска во Вашингтон: Макроекономската стабилност останува врвен приоритет

17.04.2026

Утре дел од Тетово без електрична енергија

16.04.2026

Коњановски: Инфраструктурното поврзување клучно за економски развој на Пелагонија

16.04.2026

Препорачани Вести

Катакомбите во Париз повторно отворени по пет месеци

Катакомбите во Париз повторно отворени по пет месеци

1 недела ago

Ивица Дачиќ приклучен на респиратор, лекарите се борат за неговиот живот

2 месеци ago

Популарни Вести

  • (ВИДЕО) Димитровски: Вистината е најсилната светлина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Службени лица од МВР и Шумска полиција оддавале службени тајни и ги предупредувале криминалците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Конечно позитивни вести од Иран – Се огласи миистерот за надворешни работи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонските туристи на удар: Нови правила за опрема во Грција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Промет од 18.647.662 денари, со доминација на банкарските акции во тргувањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.