сабота, ноември 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Мицкоски: „Снабдувањето со нафта е целосно стабилно, Македонија со најниски цени на горива во регионот и надвор од енергетски ризик“

by Redakcija
17.04.2026
in Македонија, Топ Вести
Мицкоски: „Снабдувањето со нафта е целосно стабилно, Македонија со најниски цени на горива во регионот и надвор од енергетски ризик“

Македонија во моментов нема никакви потешкотии во снабдувањето со нафта и нафтени деривати, а енергетскиот систем е целосно стабилен и под контрола, порача премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на општина Ѓорче Петров, каде присуствуваше на поставување камен-темелник за нов проект.

Тој истакна дека државата е добро подготвена да одговори на сите потенцијални енергетски предизвици, нагласувајќи дека синџирите на снабдување со дизел, бензин и керозин функционираат без прекини и со редовна координација со добавувачите.

„Во овој момент состојбата со нафтата и нафтените деривати е навистина стабилна. Немаме никакви индикации за проблеми во снабдувањето, а комуникацијата со сите релевантни партнери е постојана“, изјави премиерот.

Мицкоски додаде дека во функција е и цевководната врска меѓу Солунското пристаниште и рафинеријата „Окта“, што дополнително ја зајакнува сигурноста во снабдувањето и логистиката со горива во земјата.

Според него, Македонија во моментов нуди едни од најниските цени на горивата во регионот, што веќе се одразува и на зголемен сообраќај на граничните премини, каде граѓани од соседните држави доаѓаат да точат гориво.

„Забележуваме зголемување на потрошувачката во пограничните региони и до 30 проценти, токму поради разликата во цените“, посочи тој, додавајќи дека дизелот во земјата е значително поевтин во споредба со Грција и Србија.

Премиерот порача и дека државата денеска ја рефлектира стабилноста во регионот, нагласувајќи дека се завршени времињата кога, како што рече, Македонија барала надворешна помош и поддршка за справување со кризи.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Прекините продолжуваат и покрај предупредувањето до ЕВН: Се бара колективна тужба од Маврово и Ростуше

21.11.2026

Четиригодишен проект на „Булмак 2016“ за враќање на спортот меѓу младите во Пробиштип

21.11.2026

Зимата пристигнува во Македонија: Од понеделник нагло заладување и температури под нулата

21.11.2026

Тоневски: Учениците од „Никола Карев“ се запознаа со работата на Општина Пробиштип

20.11.2026

Љатифи: Продолжуваме со стратешките проекти за посигурен и постабилен електропреносен систем

20.11.2026

Проданоски: Десет нови телевизори за Домот „Киро Крстески – Платник“, во буџетот за 2027 се планираат подобри услови

20.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Иран повторно со старото сценарио: Ормускиот теснец отворен па пак затворен

7 месеци ago

САД тврдат дека уништиле ирански ракетни и дрон-бази по напад врз нивни бродови

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Сакате сопствен имот во Грција или Шпанија? Еве кои се правилата за странските купувачи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекините продолжуваат и покрај предупредувањето до ЕВН: Се бара колективна тужба од Маврово и Ростуше

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четиригодишен проект на „Булмак 2016“ за враќање на спортот меѓу младите во Пробиштип

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимата пристигнува во Македонија: Од понеделник нагло заладување и температури под нулата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно откритие под Скопското Кале: Пред повеќе од 5.000 години таму постоела праисториска населба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.