понеделник, ноември 16, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Шојгу: Русија има право на самоодбрана ако дронови доаѓаат преку НАТО земји

by Redakcija
17.04.2026
in Свет
Шојгу: Русија има право на самоодбрана ако дронови доаѓаат преку НАТО земји

Сè поостра реторика доаѓа од Москва кон земјите од североисточното крило на НАТО, откако високиот функционер на рускиот Совет за безбедност, Сергеј Шојгу, упати предупредување до Финска и трите балтички држави: Естонија, Латвија и Литванија.

Во неговата изјава, Шојгу тврди дека Русија го задржува правото да реагира во рамки на „самоодбрана“ доколку украински беспилотни летала, како што рече, ја погодуваат руската територија користејќи воздушен простор на овие држави. Според него, ваквото сценарио би можело да се третира како директна вмешаност, со што би се активирале одредби од меѓународното право, вклучително и член 51 од Повелбата на ОН.

Шојгу оди и чекор понатаму, обвинувајќи ги овие земји дека, наводно, стануваат дел од пошироката „стратешка позадина“ на Киев. Тој се повика на инциденти со дронови кои, според неговите тврдења, завршиле на територии на Финска и балтичките држави за време на украински напади врз руското пристаниште Уст-Луга во Финскиот Залив. За овие тврдења не понуди конкретни докази.

Во истата насока, тој сугерираше дека украинските напади сè почесто би можеле да се организираат или изведуваат преку воздушни рути што минуваат над овие држави. Како можни објаснувања ги наведе или наводна неефикасност на западните системи за противвоздушна одбрана, или, пак, свесно дозволување на такви активности од страна на тие земји – обвинувања што имплицитно ги ставаат како активни учесници во конфликтот.

Украинската страна, пак, преку заменик-министерот за надворешни работи Андриј Сибига, порано излезе со спротивна теза. Киев тврди дека има разузнавачки информации кои укажуваат на тоа дека токму Русија намерно пренасочува дронови кон територии на Финска и балтичките држави, со цел да ги зголеми тензиите во регионот.

Од Талин, Рига и Вилнус ваквите обвинувања од Москва се отфрлаат како неосновани и дел од пропагандна нарација, нагласувајќи дека Украина не користела нивен воздушен простор за напади врз Русија.

Во поширок контекст, ваквите размена на обвинувања се надоврзуваат на долгогодишните тензии што се засилија по руската инвазија врз Украина. Дел од европските лидери, меѓу кои и полскиот премиер Доналд Туск, претходно предупредија дека постои можност Москва во наредните години да биде подготвена за директен воен судир со европските држави.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Бугарија, Чешка, Словачка и Унгарија не сакаат да плаќаат за Украина: Мерц се закани со блокада на буџетот на ЕУ

16.11.2026

Прекинат сообраќајот преку Керченскиот Теснец, во пламен се нафтени и гасни објекти

16.11.2026

Се подготвуваат за најлошото сценарио: Европска држава претстави необичен план

16.11.2026

Бајден во мемоарите за Зеленски: Беше тврдоглав и не покажуваше благодарност

15.11.2026

Украинците нападнаа: Гори петрохемиски комплекс, загина раководител на трафостаница, разурнат мост

15.11.2026

Иран нападнал американска воена база во Бахреин со шест дрона: Прогласена воздушна тревога

15.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Канада ја претстави новата вертикална банкнота: На неа ќе биде кралот Чарлс III

Канада ја претстави новата вертикална банкнота: На неа ќе биде кралот Чарлс III

2 месеци ago

ДИК: До 17:00 ч. на повторените избори гласале 32.547 граѓани или 25.39%

10 месеци ago

Популарни Вести

  • Мицкоски од Брисел: Македонија заслужува европска иднина со почитување и заштита на националните интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку вреди златното богатство на Македонија и колку тони чува Народната банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италија нуди бесплатно живеење во обновени куќи: Нема кирија во следните 10 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бугарија, Чешка, Словачка и Унгарија не сакаат да плаќаат за Украина: Мерц се закани со блокада на буџетот на ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекинат сообраќајот преку Керченскиот Теснец, во пламен се нафтени и гасни објекти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.