среда, октомври 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Отров за стаорци во бебешка храна „HIPP“: Итно повлекување од продажба и истрага за можно саботирање

by admin
19.04.2026
in Магазин

Сериозен скандал ја потресе Европа откако во тегла бебешка храна од брендот HiPP во Австрија беше откриено присуство на отров за стаорци, по што веднаш беше издадено итно предупредување и започна масовно повлекување на производите од продажба.


Според информациите од надлежните служби, спорниот примерок потекнува од тегла од 190 грама од видот „морков и компир“, наменета за бебиња постари од пет месеци. Првичниот сигнал дошол од граѓанин кој забележал сомнителен производ, по што лабораториските анализи потврдиле присуство на токсична супстанција.


Поради сериозноста на случајот, властите веднаш наредија повлекување на сите вакви производи од маркетите, особено од синџирите како SPAR, EUROSPAR, INTERSPAR и Maximarkt, каде што биле најмногу дистрибуирани. Истовремено, истата мерка е преземена и во Словачка и Чешка, каде исто така се отстранети производите од продажба.


Од компанијата истакнаа дека не станува збор за проблем во производството, туку за можна надворешна криминална интервенција. Според нив, теглите ја напуштиле фабриката во исправна состојба, а контаминацијата најверојатно се случила подоцна во дистрибутивниот ланец.


Полицијата во Австрија веќе започна истрага, при што не се исклучува можноста за намерно саботирање или дури и обид за изнуда. Дополнително, граѓаните се предупредени да не ги консумираат производите и веднаш да ги вратат во продавниците, при што им е овозможен целосен поврат на средствата, дури и без приложување сметка.


Надлежните институции објавија и конкретни знаци по кои може да се препознае потенцијално опасен производ – тегли со оштетен или веќе отворен капак, недостиг на заштитниот „клик“ при отворање, необичен мирис или специјална ознака (налепница со црвен круг на дното).


Иако досега нема пријавени случаи на труење, експертите предупредуваат дека внесувањето на ваква супстанција може да биде животозагрозувачко, особено кај најмладите. Отровите за стаорци често предизвикуваат сериозни внатрешни крварења, а симптомите може да се појават дури по неколку дена.


Овој случај дополнително ја зголемува загриженоста кај родителите низ Европа, особено ако се земе предвид дека во последните месеци имаше повеќе случаи на повлекување на бебешка храна поради различни контаминации. Сега вниманието е насочено кон истрагата, која треба да утврди како и каде дошло до труењето, но и дали станува збор за изолиран случај или дел од поширока закана.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

„Глечерот на судниот ден“ се топи побрзо од проценките: Научниците предупредуваат на поголем ризик за крајбрежјата

21.10.2026

Научниците конечно ја разрешија големата мистерија зад култните статуи на Велигденскиот Остров

21.10.2026

Акциите на „Нетфликс“ паднаа за над пет отсто, се најавуваат околу 1.000 откази

21.10.2026

Еден час повеќе за спиење: Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

21.10.2026

Гори бавно, а жарот трае долго: Ова дрво заслужува внимание пред зимата

21.10.2026

Со љубов кон македонскиот јазик: Заедничко учење и дружење во Австралија

21.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

„Библиска диета“ станува глобален тренд: Милиони ја следат новата исхрана

4 месеци ago

Мајка и ќерка приведени во Тетово – се заканувале и се обиделе да нападнат вработени во Центарот за социјални работи

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Средба на Архиепископот Стефан со шефот на политичко-економскиот оддел при Амбасадата на САД во Скопје Бредли Гарднер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Со KfW разговараме за нови инвестиции и постабилен енергетски систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја делови од Центар, Кисела Вода и Аеродром: Прекини до пет и пол часа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја повеќе делови од Тетово и околината: Прекини и на Попова Шапка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама со нов удар по учесниците во насилствата: Најави забрани за патување, превоз и хотели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.