понеделник, ноември 2, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Ребаланс на буџетот неизбежен: Економистите прогнозираат инфлација од 3,6%

by Redakcija
21.04.2026
in Економија
Ребаланс на буџетот неизбежен: Економистите прогнозираат инфлација од 3,6%

Економските очекувања за инфлацијата повторно се коригираат нагоре, додека сигналите од теренот укажуваат дека ценовните притисоци во земјата се посилни од првичните проекции. Според најновата анкета на Народната банка, експертите веќе не ја гледаат инфлацијата на ниво од 2,5%, туку ја поместуваат проценката на 3,6%, што претставува значително отстапување од претходните очекувања од 3,2%.

Оваа промена во прогнозите отвора прашање за одржливоста на тековните буџетски планови и ја засилува дебатата за неизбежен ребаланс на државната каса. Дел од економистите предупредуваат дека фискалните таргети веќе се надминати, а државата ќе мора да прави нова распределба на средствата – прашање што сè повеќе се сведува на дилема каде ќе се крати, а каде ќе се зголемува трошењето.

Во меѓувреме, надворешните фактори дополнително ја комплицираат економската слика. Продолжените геополитички тензии на Блискиот Исток и војната во Украина создаваат нестабилност на енергетските пазари, со директно влијание врз цената на нафтата. Економските аналитичари предупредуваат дека секој нов скок на енергенсите се прелева во транспортот, производството и на крај, во финалната цена што ја плаќаат граѓаните.

„Ако енергетскиот шок продолжи, зголемените трошоци за гориво и транспорт неизбежно ќе се пренесат врз сите други сектори. Со оглед на високата увозна зависност, инфлацискиот притисок ќе се засилува“, наведуваат експерти анкетирани од Народната банка.

Според нивните проекции, годината би можела да заврши со инфлација од околу 3,6%, што е значително над првичните владини планови. Тоа, како што оценуваат дел од економистите, ја прави потребата од ребаланс на буџетот практично извесна.

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини предупредува дека фискалниот простор ќе мора да се преиспита, особено ако државата сака да интервенира во корист на најранливите категории. Тој смета дека најверојатно ќе се оди кон прераспределба на постојните средства, но и кон ново задолжување, со ризик дефицитот да надмине 3,5%.

„Клучно е мерките да бидат насочени кон оние со најниски примања и пензионерите. Но прашањето останува од каде ќе се обезбедат парите и колку транспарентно ќе се трошат“, предупредува тој, додавајќи дека во вакви ситуации најчесто страдаат капиталните инвестиции.

Слични ставови изнесуваат и други економски експерти, кои оценуваат дека ребалансот веќе е политички и економски неминовен, иако неговото темпо може да зависи од моменталните политички калкулации. Професорот Ванчо Узунов посочува дека владата ќе мора да реагира, но прашање е кога и со какви приоритети.

Во меѓувреме, владините анализи покажуваат дека дел од цените на основните производи бележат значителен раст. Според премиерот, инспекциите во неколку трговски ланци покажале просечно зголемување од околу 0,4%, но и производи со двоцифрени поскапувања, над 10%.

Податоците кои веќе се објавени од статистичките анализи укажуваат дека инфлацијата најсилно удира врз храната, каде годишниот раст се приближува до 7%. Посебно изразени се зголемувањата кај месото, шеќерот и млечните производи, каде цените се искачуваат и над 10%, а кај јајцата и млечните производи се бележи раст од над 8% во однос на истиот период лани.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Земјиштето под зградите ќе може полесно да се приватизира: Законските измени пред собраниска комисија

02.11.2026

Бакарот станува стратешка суровина за Европа: Македонија има потенцијал да биде дел од новите синџири на снабдување

02.11.2026

Гувернерот Славески со појаснување за привремените мерки во Алта банка

02.11.2026

Затворени експозитури, незадоволни клиенти: Редици пред Алта банка во Битола

02.11.2026

Богата европска земја бара работници: Олеснето вработување странци во дваесет професионални групи

02.11.2026

Алта банка – Битола: Експозитурите привремено нема да работат со клиенти од 2 ноември

02.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Големи прекини во снабдувањето со електрична енергија утре во Тетово и тетовско

9 месеци ago

ВИДЕО: Не се гледа прст пред око – силно невреме со град го зафати Скопје

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Земјиштето под зградите ќе може полесно да се приватизира: Законските измени пред собраниска комисија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Блокирани уште 104 нелегални онлајн коцкарници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мајка пријавена откако не ја вратила ќерката кај таткото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Сајбербезбедноста е нераздвоен дел од енергетската и националната безбедност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинески SUV со нула ѕвезди: Загрижувачки резултати за заштитата на патниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.