понеделник, ноември 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Внатрепартиски тензии во ДУИ: Мерко со обвинувања за селективен пристап

by Redakcija
21.04.2026
in Република

Поранешниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, излезе со јавна реакција во која укажува на, како што вели, постоење на двојни стандарди и селективна правда во третманот на поранешни функционери, при што директно ја посочува и својата матична партија ДУИ.


Во својата објава, Мерко наведува дека ги следел реакциите на ДУИ во врска со наводни политички притисоци врз поранешни функционери како Блерим Беџети и Фатмир Дехари, но поставува прашање зошто, според него, истите принципи не биле применети и во неговиот случај. Со тоа, тој практично ја обвинува ДУИ за селективен пристап и различен однос кон своите кадри.


Мерко потенцира дека барањето за еднаква правда и немешање на политиката во институциите е оправдано, но нагласува дека тие принципи мора да важат за сите подеднакво. Во спротивно, како што наведува, се создава впечаток на двојни стандарди и политичка селективност.


Тој истакнува дека повеќе од две децении бил активен во политичкиот живот и имал значајна улога во изборните резултати, но кога се соочил со судски постапки, наместо поддршка добил дистанцирање, па дури и негирање на неговата поврзаност со партиските структури.
Според Мерко, постапките против него не се однесувале на докажана корупција или финансиски криминал, туку на административни и институционални прашања.

Мерко смета дека ваквите случаи биле третирани како проблематични, додека кај други функционери, како што наведува, реакциите биле „внимателни или заштитнички“, што, според него, го потврдува селективниот пристап.


Во објавата, Мерко додава дека ова не е прашање на поединци, туку на принципи, потенцирајќи дека правдата не смее да биде селективна, туку еднаква за сите. На крајот, тој изразува поддршка за поранешни функционери кои, како што вели, се соочуваат со политички мотивирани процеси.


Инаку, ДУИ од парламентарните избори во 2024 година се наоѓа во опозиција, што дополнително го засилува контекстот на внатрепартиските критики што доаѓаат од поранешни високи функционери како Мерко.

ЛИНК ОД ОБЈАВАТА НА РАМИЗ МЕРКО

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Утре без струја во делови од Тетово и Голема Речица: Прекини до пет часа

23.11.2026
УХМР со портокалово предупредување: Силен ветер над 70 километри на час, потоа пристигнува студ до минус шест

УХМР со портокалово предупредување: Силен ветер над 70 километри на час, потоа пристигнува студ до минус шест

22.11.2026
Жителите на истокот ќе добијат подобра патна врска: Избрана трасата Кочани – Виница – Делчево

Жителите на истокот ќе добијат подобра патна врска: Избрана трасата Кочани – Виница – Делчево

22.11.2026
Внимателно по патиштата, без зимска опрема не тргнувајте: АМСМ со утрински информации за возачите

Внимателно по патиштата, без зимска опрема не тргнувајте: АМСМ со утрински информации за возачите

22.11.2026

Два државни турнира во Битола: Младите пингпонгари играат за титула и пласман на „Топ 8“

21.11.2026

Тоневски: Учениците од „Никола Карев“ се запознаа со работата на Општина Пробиштип

20.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Ве касна стршлен? Еве што треба веднаш да направите

3 месеци ago

Божиновска: Инженерите се клучни за иднината на Македонија

8 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонските владици на средба со рускиот  патријарх Кирил: Првпат во Москва како делегација на автокефална црква

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Добри вести за вработените: Во 2027 година нè очекуваат пет продолжени викенди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пред 2.700 години во Македонија живееле жени со висок општествен статус: Нивниот накит открива древни мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за 23 ноември: Финансиски можности за Биковите, неочекувани трошоци за Лавовите, а три знаци ги очекуваат важни одлуки за пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.