сабота, октомври 3, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Божиновска во Делфи: интензивни билатерални средби за засилена енергетска соработка и стратешко позиционирање на Македонија

by Redakcija
25.04.2026
in Економија

На маргините на Delphi Economic Forum што се одржува во Делфи, Грција, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, реализираше интензивна агенда на билатерални средби, отворајќи клучни прашања за енергетската иднина на Македонија и нејзината позиција во регионот.

Божиновска оствари средби со високи претставници од енергетскиот сектор, европски институции и меѓународни партнери, фокусирани на зајакнување на енергетската безбедност, регионалната поврзаност и нови инвестиции.

На средбата со Maria Sferruzza, извршна директорка на грчкиот оператор за природен гас DESFA, беше разговарано за унапредување на соработката во гасниот сектор и искористување на потенцијалите што ги нуди грчката инфраструктура, особено во контекст на LNG терминалите и интерконекцијата со Македонија. Божиновска ја нагласи важноста на интерконекторот со Грција како клучен проект за диверзификација на снабдувањето и зголемување на енергетската сигурност.

Темата на иновации и дигитална трансформација во енергетиката беше отворена во разговорите со Federico Menna, главен извршен директор на 28DIGITAL – европски иновациски екосистем основан во рамки на Европскиот институт за иновации и технологија (EIT), тело на Европската Унија, каде се разгледуваа можностите Македонија поинтензивно да се вклучи во европските технолошки и иновациски екосистеми. Посебен акцент беше ставен на паметните енергетски системи и новите решенија кои ја зголемуваат ефикасноста и отпорноста на енергетските мрежи.

Во рамки на форумот, министерката Божиновска учествуваше и на панел заедно со Joshua Volz, висок претставник на Министерството за енергетика на САД, надлежен за Европа, Евроазија и енергетска интеграција, каде во фокусот беше енергетската интеграција и улогата на инфраструктурата во градењето сигурни и диверзифицирани системи. Дискусијата се надоврза на веќе воспоставеното стратешко партнерство меѓу Северна Македонија и САД, особено во делот на LNG и долгорочната енергетска стабилност.

Регионалната димензија на енергетската политика беше дополнително потврдена преку разговорите со Траичо Траиков, министер за енергетика на Бугарија. Двете страни разменија мислења за регионалната енергетска поврзаност, тековните и идните инфраструктурни проекти, при што беше нагласена потребата од засилена координација и заеднички пристап кон инфраструктурните проекти и енергетската транзиција на Балканот.

Слични пораки произлегоа и од средбата со Cristian Silviu Bușoi, државен секретар во Министерството за енергетика на Романија. Во разговорите беше потенцирана важноста од усогласување со европската регулатива, размена на искуства и координација во процесите на енергетска транзиција. Посебен акцент беше ставен на  зајакнувањето на институционалната соработка. градењето стабилен и предвидлив енергетски пазар, со Македонија како активен фактор во регионалната стабилизација.

Министерката Божиновска истакна дека овие средби претставуваат дел од пошироката стратегија за активно позиционирање на Македонија како доверлив и релевантен партнер во регионалната и европската енергетска архитектура.

„Нашата цел е јасна – од земја зависна од една рута, да станеме систем со повеќе извори, повеќе коридори и поголема стабилност, со улога што ќе го дефинира нашето место во Европа во децениите што следат.“

Со ваквата динамична агенда во Делфи, министерката Божиновска испраќа јасна порака дека Македонија повеќе не е набљудувач, туку активен учесник во обликувањето на регионалните енергетски политики – со амбиција да стане јадро на поврзана, диверзифицирана и сигурна енергетска мрежа.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

МФ: „Стандард и Пурс“ го потврди рејтингот „BB-/B“ со стабилни изгледи- јавните инвестиции и домашната побарувачка го поддржуваат растот

03.10.2026

Доаѓаат милиони барели дизел – Ќе падне ли цената на горивото?

02.10.2026

Димитриеска-Кочоска: Шведската поддршка е важна за реформите и економскиот развој

02.10.2026

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,63 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

02.10.2026

Од 1 декември нови правила за кредитите: Еве што ќе се смени за граѓаните

02.10.2026

Божиновска: Македонија, Србија, Грција и Бугарија заедно ги забрзуваат регионалните енергетски врски

02.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Или ЕУ или Трамп – ултиматум од ЕУ пратеници до Рама

3 месеци ago
Трамп најавува облакодери и одморалишта во Газа

Трамп најавува облакодери и одморалишта во Газа

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Голема полициска акција во Скопје – 19 лица лишени од слобода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ќе има ли повеќе евтина струја? РКЕ ќе анализира кога електричната енергија е најевтина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МФ: „Стандард и Пурс“ го потврди рејтингот „BB-/B“ со стабилни изгледи- јавните инвестиции и домашната побарувачка го поддржуваат растот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „И Здравје И Работа“: Рударството може да биде мотор на индустриското производство и економскиот раст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола: Светнаа новите спортски игралишта во ОУ „Гоце Делчев“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.