четврток, ноември 5, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Паметна обука за преработка на млеко и месо: Нов европски проект во вредност од 500 илјади евра

by Redakcija
27.04.2026
in Економија
Паметна обука за преработка на млеко и месо: Нов европски проект во вредност од 500 илјади евра

Грант во вредност од околу половина милион евра денеска ќе биде доделен за реализација на проектот „Паметна обука во преработката на производи од млеко и месо“, кој го предводат Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и средното општинско училиште „Кочо Рацин“ од Свети Николе, во партнерство со шест домашни претпријатија.

Средствата се обезбедуваат преку Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ), а свеченото доделување ќе се одржи во рамки на четвртиот национален настан во Македонија, организиран во соработка со Стопанската комора, како дел од пошироката агенда за зајакнување на конкурентноста на бизнисите во Западен Балкан и нивно приближување до единствениот пазар на Европската Унија.

Фокусот на програмата е поврзување на образованието со реалниот сектор и унапредување на стручните вештини. Настанот ќе го отворат и ќе се обратат министерката за образование и наука Весна Јаневска, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, германската амбасадорка Петра Дрекслер, како и претставници од Швајцарија, германската развојна банка и Регионалниот инвестициски форум на Западен Балкан.

Со добиениот грант, вреден 495.350 евра, ќе се инвестира во изградба и модерно опремување на нов Центар за обука за преработка на млеко и месо. Покрај инфраструктурниот дел, проектот предвидува и развој на наставни програми и едукативни материјали, со цел да се поддржат две професионални квалификации: млекопреработувач и преработувач на месо и месни производи.

Според податоците од Министерството за образование и наука, на четвртиот повик на РЦФ пристигнале вкупно 187 апликации од шесте земји од регионот, од кои 14 од Северна Македонија. По изборот на комисијата, токму овој проект е оценет како најсоодветен за финансирање во рамки на расположливите средства.

Овој циклус на поддршка претставува дел од поширока регионална иницијатива која досега опфати 17 проекти и вклучи 91 партнерска компанија од земјата, со вкупна финансиска поддршка од над 7,6 милиони евра, насочени кон развој на дуалното образование и поблиска соработка меѓу училиштата и индустријата.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Еве до кога се очекуваат парите од „МојДДВ“

04.11.2026

Шефот на АББ предупредува: Европа ризикува масовна невработеност, Германија мора да поведе со реформите

04.11.2026

Божиновска: Во Германија отвораме нови можности за инвестиции и посилна економска соработка

04.11.2026

Што се случува со заштедите ако банка ја изгуби дозволата? Еве колку може фондот да обесштети

04.11.2026

Нов раст на светските цени: Ќе поскапат ли горивата во Македонија?

04.11.2026

Народната банка: Граѓаните без картички од 5 ноември ќе можат да подигнат средства во Алта банка во Битола

04.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

„Mercedes CLA“ прогласен за европски автомобил на годината во Брисел

10 месеци ago

Токму кога почнаа проверките – пресечени гумите на возилата на Центарот за социјални работи

4 недели ago

Популарни Вести

  • Коњановски: Да ги чуваме вредностите на слободата и да градиме подобро утре – доделени наградите „4 Ноември“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕК го нотира напредокот: Македонија ја забрзува енергетската транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве до кога се очекуваат парите од „МојДДВ“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Можат ли сега демократите да го сменат Трамп?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ објави упатства за граѓаните: Подгответе залихи и торба за три дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.