четврток, октомври 15, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Во Смилево започнува дводневна културна манифестација „Смилевски конгрес 2026“

by Redakcija
01.05.2026
in Република

Во селото Смилево во општина Демир Хисар денеска започнува дводневната културна манифестација „Смилевски конгрес 2026“, која ќе понуди разновидна уметничка програма и современи интерпретации на културната меморија поврзана со историскиот Смилевски конгрес.

Од НУ Манифестација „Смилевски конгрес“ порачуваат дека годинашното издание има за цел да ја преиспита улогата на уметноста и заедницата во современиот општествен контекст, нагласувајќи дека историската симболика на Смилево не се третира како минато, туку како активна основа за нови културни дијалози.

„Во време на расцепканост и симулирана комуникација, оваа манифестација не нуди носталгија, туку позиција дека автентичната уметност се создава преку однос, судир и соработка“, се наведува во соопштението на организаторите.

Програмата вклучува изложби во настанување, уметнички инсталации и музички настапи, со акцент на интеракцијата меѓу уметниците, локалната заедница и публиката. Централно место зазема колективната инсталација „Песната на славејот“, како и настапите на „Чалгија саунд систем“, „Brass Brothers“, „Летечки Пекинезери“, „Мојра“ и „Дејание“.

Организаторите истакнуваат дека „Смилевски конгрес“ не е класичен фестивал, туку концептуална платформа која ја нагласува меморијата како жив процес, а уметноста како простор на откривање и заедништво.

Во рамки на манифестацијата ќе бидат отворени и изложбите „Интуитивни клепања“ и „Последните селани“, во кои учествуваат уметниците Емилија Сандиќ, Сашо Алушевски и Предраг Узелац.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Утре без струја делови од Тетово, Мала Речица и Желино

15.10.2026

Коњановски: Руралната жена има значаен придонес во земјоделството и развојот на Пелагонија

15.10.2026

Земјотрес регистриран во Македонија

15.10.2026

Коњановски: Голема вест за Битола – „Кромберг и Шуберт“ планира 2.000 нови вработувања

15.10.2026

Димитровски: Битола работи на зелени решенија и искористување на обновливите извори

15.10.2026

Без струја утре повеќе делови од Тетово и околината

14.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Казна за Македонските лавови од Престон: Клубот ќе игра два натпревари без публика поради навредливи транспаренти на навивачите

3 месеци ago

„Стентон Градба“ реализираше реконструкција и адаптација на маркетот „KIT-GO“ во Битола

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Трифонов со навредливи пораки до Македонците: „Порано или подоцна ќе бидете асимилирани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре дожд и северен ветер, на повисоките планини се очекува слаб снег

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава против полициски службеник за фалсификување исправа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Насилни протести во Албанија: Запалени делови од државни згради, 55 уапсени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја дел од Центар – Прекин од 9 до 13 часот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.