сабота, ноември 28, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Биокапацитетот наспроти потрошувачката: Балканот рано влегува во еколошки дефицит

by Redakcija
05.05.2026
in Балкан
Биокапацитетот наспроти потрошувачката: Балканот рано влегува во еколошки дефицит

Секоја година, еден симболичен датум сè појасно ја открива истата непријатна вистина: човештвото ги троши природните ресурси побрзо отколку што планетата може да ги обнови. Тој момент е познат како „Глобален ден на пречекорување на ресурсите“ и означува кога годишниот „буџет“ на Земјата е целосно исцрпен.

За 2025 година, тој праг бил достигнат на 24 јули. Од тој ден па натаму, светот функционирал „на кредит“, користејќи повеќе ресурси отколку што природните системи можат да надоместат во рамките на една година.

Методологијата се базира на односот помеѓу биокапацитетот на планетата и еколошкиот отпечаток на човештвото. Со други зборови, се споредува колку ресурси Земјата може да обнови и колку брзо и интензивно ги трошиме.

Ако би постоела рамнотежа меѓу двете, резултатот би бил едноставен 365 одржливи денови. Но реалноста е поинаква: потрошувачката одамна ја надминува регенеративната моќ на природата, па датумот секоја година „се поместува“ сè порано.

Иако феноменот е глобален, не сите земји учествуваат на ист начин. Држави со висока потрошувачка и интензивен стандард на живеење, како Катар, Луксембург или Сингапур, својот „еколошки лимит“ го достигнуваат уште во првите месеци од годината.

Од другата страна на скалата се земји како Индонезија, Еквадор или Јамајка, каде природните ресурси статистички траат значително подолго, дури до крајот на годината. Но, подоцнежниот датум тука не значи нужно поголема еколошка рамнотежа, често е резултат на пониска вкупна потрошувачка по жител.

Посебно внимание привлекуваат податоците за земјите од Балканот, кои покажуваат дека регионот релативно рано влегува во еколошки дефицит. Според проценките за 2026 година, објавени кон крајот на 2025, редоследот е следен:

  • Црна Гора – 20 април
  • Хрватска – 25 април
  • Босна и Херцеговина – 26 април
  • Србија – 16 мај

Овие датуми укажуваат дека, доколку целиот свет би живеел со ист образец на потрошувачка како овие држави, глобалните ресурси би биле исцрпени уште во пролетта, далеку пред средината на годината.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Илјадници Хрвати останале без пари во голема криптоизмама: Некои ги изгубиле и животните заштеди

27.11.2026

Кривична пријава против Вучиќ и Брнабиќ: Сомневања за штета од над 1,2 милијарди евра во „Телеком Србија“

26.11.2026

Вучиќ најави штрајк со глад: „Ќе им забранам на лекарите да ми пружат помош, нема враќање назад“

26.11.2026

Германија повеќе не е ветената земја? Речиси 17.000 Хрвати ја напуштиле за само девет месеци

26.11.2026

Бугарија пред историска казна од ЕУ: Брисел се заканува со 23 милиони евра

25.11.2026

На Халкидики почнува со работа рудникот за бакар и злато, македонското рударство „тоне“

25.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

МНР реагира за приемот на Ива Михајлова во Софија: Државјанството не смее да биде заштита од судска одговорност

2 месеци ago

Кочани добива меморијален простор „Патека на бесконечноста“ за жртвите од трагедијата во „Пулс“

10 месеци ago

Популарни Вести

  • Полициска акција во кабаре во Охрид: Затекнати Русинки кои илегално влегле во Македонија и покрај забраната за влез

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Станови за околу 1.000 евра по квадрат за млади брачни парови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Околу 1200 нови добро платени работни места се отвараат со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп-Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во работна посета на РЕК Битола: Стабилното производство на електрична енергија е од клучно значење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ужас во Тетово: Ја тепал вонбрачната партнерка и ја принудувал да оди со други мажи за пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.