недела, ноември 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Ескалација на Блискиот Исток: САД нападнаа ирански цели, Техеран возврати со удари врз американски бродови

by Redakcija
08.05.2026
in Свет

Нови тензии избувнаа меѓу САД и Иран откако американските сили извршиле напади врз ирански пристаништа и острови во близина на Ормутскиот теснец, а Техеран соопшти дека веднаш возвратил со контранапади врз американски воени бродови.

Според соопштението на иранската централна команда Хатам ал-Анбија, Вашингтон го прекршил прекинот на огнот од 7 април со напад врз ирански танкер што пловел од крајбрежните води кај Џаск кон Ормутскиот теснец, како и врз уште еден брод во близина на пристаништето Фуџаира во Обединетите Арапски Емирати.

Иранските власти тврдат дека американските сили, во координација со неколку земји од регионот, извршиле и воздушни удари врз цивилни подрачја долж брегот, вклучително и во близина на пристаништата Хомер и Сирик, како и на островот Кешм.

Во одговор, иранските вооружени сили соопштија дека нападнале американски воени бродови во источниот дел на Ормутскиот теснец и јужно од пристаништето Чабахар, при што, според нивните тврдења, биле нанесени „значителни оштетувања“.

Паралелно со тоа, медиуми јавија за силни експлозии во близина на островот Кешм и пристанишниот град Бандар Абас, додека иранската противвоздушна одбрана била активирана и во Техеран. Постојат и информации дека Иранската револуционерна гарда можеби нападнала три американски разорувачи во Ормутскиот теснец.

Американски претставник за „Фокс њуз“ потврдил дека САД извршиле напади врз Кешм и Бандар Абас, но нагласил дека операцијата не претставува формално продолжување на војната ниту крај на прекинот на огнот.

Во меѓувреме, американската Централна команда – ЦЕНТКОМ соопшти дека биле неутрализирани „сите дојдовни закани“, а погодени биле ирански воени објекти поврзани со ракетни и беспилотни напади, командни центри и разузнавачки капацитети.

Според американските информации, нападот бил изведен откако Иран лансирал ракети, беспилотни летала и мали вооружени чамци кон три американски разорувачи кои минувале низ Ормутскиот теснец.

Ескалацијата следува само два дена по иранскиот ракетен напад врз пристаништето Фуџаира во Обединетите Арапски Емирати, кога, според извештаите, биле испукани 15 балистички и крстосувачки ракети, што предизвикало сериозна загриженост кај земјите од Заливот.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

ВИДЕО | Полска се подготвува за руски напад? Варшава ја зајакнува одбраната по инцидентите со проектили и дрон

ВИДЕО | Полска се подготвува за руски напад? Варшава ја зајакнува одбраната по инцидентите со проектили и дрон

22.11.2026
ВИДЕО | Руски дрон урна дел од станбена зграда кај Киев: Спасувачите трагаат по луѓе под урнатините

ВИДЕО | Руски дрон урна дел од станбена зграда кај Киев: Спасувачите трагаат по луѓе под урнатините

22.11.2026
Зеленски со порака до Путин: Кримскиот мост нема да опстане

Зеленски со порака до Путин: Кримскиот мост нема да опстане

22.11.2026

Трамп бара мировен договор до јануари: Украина стравува дека ќе мора да отстапи територии на Русија

21.11.2026

Драма во Источна Европа: Илјадници војници добија итно предупредување, а потоа следуваше опасен инцидент – „Не е случајност“

21.11.2026

Естонија ја затвора границата со Русија најмалку шест месеци

21.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Политички застој во Приштина: Собранието без договор за претседател, земјата пред можни предвремени избори

7 месеци ago

Македонско друштво “Илинден“-Тирана се спротивставува на затворањето на матичната канцелариа во административната единица Острени областа Голо Брдо

9 месеци ago

Популарни Вести

  • Македонските владици на средба со рускиот  патријарх Кирил: Првпат во Москва како делегација на автокефална црква

    Македонските владици на средба со рускиот  патријарх Кирил: Првпат во Москва како делегација на автокефална црква

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон скопските клиники

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов инцидент поради кравите во Кривопаланечко: Три лица нападнале и тешко повредиле 67-годишна жена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се трага по исчезнатото лице во Вардар кај Гостивар: Спасувачките екипи повторно на терен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Од Котор до Цетиње, со траги до Македонија: Како војната на мафијашките  кланови ги вовлекува младите во светот на платените убиства

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.