петок, јули 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Димовски: МПЦ-ОА не е туѓа милост, туку македонско наследство

by Redakcija
11.05.2026
in Македонија

Илија Димовски на социјалните мрежи објави осврт за значењето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Историјата на македонскиот народ не е само хроника на битки и договори, таа во значаен дел е и вековно патување низ духовната вертикала некогаш наречена Охридска архиепископија (ОА), денес Македонска православна црква – Охридска архиепископија. Оваа верска институција, наследник на славната Јустинијана Прима, која низ византискиот, средновековниот и отоманскиот период служеше како чувар на нашата политичка, културна и јазична одделност и засебност, денес претставува еден од клучните аргументи за нашиот континуитет.

Додека македонските територии биле освојувани од страна на византиски, бугарски или српски владетели, Охридската архиепископија останала засебна и автокефална. Таа била островот на посебноста, јасно одвоена од Цариградската, Трновската и Пеќската црква. Токму таа одвоеност била браната која го спречила целосното претопување на македонското население во соседните етно-културни матрици, за што сите “братски” околни цркви вложувале енормни усилија, енергија и ресурси.

Трагедијата од 1767 година, кога ОА е противправно укината, е некаков црковен чин, иако е спроведен од отоманска муслиманска власт, но повеќе е и треба да се гледа како најтешкиот удар врз македонското битие. Со губењето на црквата, ние ја изгубивме институционалната рамка која требаше да не води кон рана етно-национална преобразба. Со тој чин не била укината само една црковна управа, туку била прекината институцијата преку која македонското население со векови ја чувало својата духовна, јазична и културна самостојност.

Букурешкиот договор од 1913 година не е причина за нашата несреќа, туку само кобна последица на укинувањето на Архиепископијата. Да постоеше Охридскиот трон во 19 век, македонското прашање ќе имаше свој легитимен центар кој ќе ги осуетеше туѓите асимилаторски пропаганди. Немаше да бидеме дел од грчката Цариградска патријаршија, ниту да се надеваме на духовна слобода во славјанската Бугарска егзархија.

Во 19 век, кога на Балканот се формираа модерните национални идеи, црковната организација беше еден од главните инструменти на народното будење. Грчката, бугарската и српската пропаганда не дејствуваа само преку училишта и дипломатија, туку и преку црковна власт, богослужбен јазик, верска симболика, учителски кадар и контрола врз духовниот живот. Токму затоа отсуството на обновена Охридска архиепископија значеше отсуство на македонски институционален центар во најважниот век на балканските национални преродби. Не е тешко да се погоди дека и денес на Балканот постојат центри кои живеат во овој 19 век.

Во православниот свет, државните граници историски често се исцртувале по должината на црковните јурисдикции. Признатата и прифатена црква е и некаква гаранција за државноста. Затоа, секое оспорување на автокефалноста на МПЦ-ОА е директно оспорување на нашата народна засебност. Кога нашите „православни браќа“ ја негираат, се уште не ја прифаќаат или релативизираат нашата автокефалност, тие всушност ја негираат нашата посебност како народ со автентичен свој корен. Кога наши црковни клирици и теоретичари фрлаат сомнеж врз автокефалноста, тогаш тоа е поболен, но и понизок удар.

Автокефалноста е наша, самоглавоста е наша. Не може да имаме туѓа, а да е самоглавост. Ние не бараме никој да ни ја даде, зотоа што ако бараме некој да ни ја даде, значи никогаш ниту сме ја имале. Никој не може да ви даде глава, уште повеќе глава која е спремна да мисли сама за себе. Самоглавоста не се добива како милост, се добива како плод на континуирана борба. Ние бараме да ја прифатат и признаат нашата автокефалност, за која сме заслужни само ние, ниту еден друг народ, ниту една друга црква.

Македонците се меѓу првите кои го примиле христијанството на овој простор. Нашето право на сопствен свет жртвеник не е подарок од соседите, туку наследство од предците.

Во односите со „сестринските“ цркви, потребна е јасна дистанца – не од непријателство, туку од самопочит. Секакви теории и пракси за поголема близина кон едните или другите, кон југ или кон север се ништожност на македонската самобитност.

МПЦ-ОА постои затоа што има народ, македонски народ во неа. Дента кога ќе го снема македонскиот народ и да има и 100 владици и манастири и неа ќе ја нема. А тие кои се надеваат на туѓата милост, први ќе бидат понижени и потсмеани.

Само како рамноправни со останатите православни народи, без патронски односи и скриени условувања, можеме да градиме вистинско духовно заедништво. Македонската православна црква – Охридската архиепископија е вертикала која никој не смее да ја свитка и подведе под духовно, културно или ерархиско потчинување на ниту една друга црква.

МПЦ-ОА не е филијала на туѓа историја, ниту привремен компромис на туѓа црковна дипломатија. Таа е значајна духовна вертикала на народ кој низ векови останал свој. Затоа никој нема право да ја свитка, да ја преименува, да ја условува или да ја подведе под духовно, културно или ерархиско потчинување. Било тој некој да е туѓ или домашен. Охридскиот трон не е туѓа милост, тој е македонска историска должност.

….

Related Posts

ВЛЕН: Официјален документ од Србија ја побива пропагандата на ДУИ за „српскиот свет“

17.07.2026

Андоновски: Почнува изградбата на Национален дата центар – темел на дигиталната Македонија

16.07.2026

Божиновска за Портрет: „Успехот зависи од тоа колку сме подготвени постојано да учиме“

16.07.2026

Муцунски во Вашингтон: На покана од Рубио учествува на министерска конференција

16.07.2026

ВЛЕН: ЕУ истражува каде завршиле 9 милиони евра за канализацијата во Зајас

16.07.2026

Метеоаларм: Попладне можни поројни дождови, грмежи и локално невреме

16.07.2026

Препорачани Вести

Почина актерката Кетрин О’Хара, икона на комедијата и телевизијата

6 месеци ago
Глобалниот нуклеарен баланс: Колку боеви глави имаат најголемите светски сили?

Глобалниот нуклеарен баланс: Колку боеви глави имаат најголемите светски сили?

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Грција ја пушта во употреба стратешката автопатска врска Е65 – ќе поврзе три клучни пристаништа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава против претседателка на комисија во Министерството за здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервентната полиција уапси скопјанец баран со потерница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бегство од царинска контрола на Блаце – повреден цариник, уапсен косовски државјанин

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До 250.000 денари грант за компаниите што ќе вработат млади до 29 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.