петок, октомври 30, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Газдата на фирмата “ХСА- КОНСТРАКШН” што фрлаше шут во Лисиче е обвинет и за смртта на Јорго Ќука – веќе бил осудуван во „Синџир“

by admin
10.05.2026
in Македонија, Република, Скопје

Газдата на фирмата „ХСА-Констракшн“, чиј камион деновиве беше фатен при нелегално истурање градежен шут во Ново Лисиче, е веќе познат на истражните органи и во моментов му се суди за смртоносната сообраќајна несреќа во која загина поранешниот директор на ОХИС, Јорго Ќука.


Станува збор за Харис Качапор, сопственик на ХСА-Констракшн, против кого се води судски процес за тешки дела против безбедноста во сообраќајот, за што е предвидена затворска казна од четири до 20 години.


Сообраќајната несреќа во која животот го загуби Јорго Ќука се случи на 3 ноември на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје. Според информациите, по несреќата Качапор го оставил возилото и заминал од местото, а полицијата го уапсила неколку часа подоцна во болница.
Тој тогаш се бранел дека не избегал, туку отишол на лекарски преглед. По приведувањето му биле изречени мерки на претпазливост.


Освен актуелниот процес, Качапор претходно бил опфатен и во случајот Синџир, каде се гонел за „злосторничко здружување“, „даночно затајување“ и „перење пари“. Во предметот како организатор се споменуваше Љупчо Пецов Ѓаволот, кој во тоа време беше во бегство.
Качапор тогаш склучил спогодба со обвинителството, добил условна казна и обврска да врати средства во државниот буџет.


Неговата фирма „ХСА-Констракшн“, со седиште во селото Батинци, е формирана во 2014 година и се занимава со нискоградба, ископи, собирање шут, подготовка на терен и тампонирање. Според податоците од Бизнис мрежа, компанијата во 2025 година пријавила добивка од околу 359.000 евра.
Токму камион на оваа фирма беше снимен како истура градежен шут на дива депонија во Ново Лисиче. Видеото го објави градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.


На снимката се гледа како камионот истовара градежен отпад на јавна површина, додека Митески повикува инспекција и полиција. Во еден момент, возачот на камионот му подава телефон на градоначалникот за да разговара со друго лице, а потоа бега од местото.


Од Министерство за внатрешни работи информираа дека случајот бил пријавен од граѓанин кој забележал товарно возило со скопски регистарски таблички како истура шут и градежен материјал на јавна површина кај патот кон Долно Лисиче, по мостот на реката Вардар.
Кога полициските службеници пристигнале на местото, камионот веќе заминал, а инспекторка за животна средина од Општина Аеродром извршила фотографирање и документација на настанот.


Од општината најавија дека фирмата ќе биде повикана за врачување записник и решение за казна поради загрозување на животната средина. Според најавите, казната може да изнесува од 9.000 до над 80.000 евра, во зависност од големината и категоријата на компанијата.

ИЗВОР: ТВ ТЕЛМА

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Без струја утре делови од Скопје

29.10.2026

Прекини на струјата во Тетово, Челопек, Мерово и Прељубиште

29.10.2026

Пет нови животински видови пристигнаа во Зоолошката градина во Битола

29.10.2026

Повеќе пари за студентски оброк, попусти и дигитално плаќање: Што се менува со владиниот предлог

29.10.2026

ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот

29.10.2026

БОЖИНОВСКА: ИНОВАЦИИТЕ И НОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ СЕ КЛУЧНИ ЗА ПОСИГУРЕН ЕНЕРГЕТСКИ СИСТЕМ И ПОКОНКУРЕНТНА ЕКОНОМИЈА

29.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Грција започна операција за затворање на околу 60 нерегистрирани џамии

5 месеци ago
Како да препознаете висок холестерол? Диетичарка споделува три суптилни знаци

Како да препознаете висок холестерол? Диетичарка споделува три суптилни знаци

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Петар Стојанов го поддржа Ѓуров: Власта треба јасно да каже дека Русија ја започна војната

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рубио предупредува на нова закана: САД и Унгарија договараат заеднички одговор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Напад врз полицаец во Куманово – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка трагедија во Кападокија – се урна еден од „самовилските оџаци“, има загинати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја утре делови од Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.