петок, октомври 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

„Ќе ве побарам во прва можна прилика…“: Потресна објава на адвокатка за убиената Милена во Италија

by admin
10.05.2026
in Црна Хроника

Македонската адвокатка Катерина Котеска-Стисниовска, која е специјализирана за семејно право и семејно насилство, објави емотивна и потресна порака на социјалните мрежи по трагичното убиство на Македонката Милена во Пјаченца.


Случајот ја потресе македонската јавност откако беше објавено дека Македонецот Хако Витанов ја убил својата сопруга Милена, а потоа сам се пријавил во полиција и го признал злосторството.


Во својата објава, адвокатката открива дека Милена пред неколку месеци се обидела да стапи во контакт со неа, барајќи помош, но никогаш не успеала да го направи последниот чекор.
„Срцето ми се скрши… Жртвата, Македонка во Пјаченца, Италија ме контактирала. Ми пиша и ги бришеше пораките, а јас ѝ оставив телефон да ми се јави кога и да може“, напиша Котеска-Стисниовска.


Според неа, Милена на 5 октомври 2025 година ѝ напишала дека ќе ја побара „во прва можна прилика“, но тој повик никогаш не се случил.
„Зошто драга Милена, не одлучи да избегаш, да го оставиш, да се спасиш???“, напиша адвокатката во емотивната порака.


Таа открива и дека Милена долго време носела длабока болка по смртта на својот син, кој загинал во сообраќајна несреќа, по што, како што наведува, „едноставно изгубила желба да се бори“.
Во објавата, адвокатката испрати силен апел до сите жени кои трпат семејно насилство да побараат помош и да не молчат.


„Но драги жени кои трпите насилство, животот е еден, а вашите деца претрпуваат трауми кои се ненадоместиви. Насилството ви го уништува здравјето, а траумите на децата нивната иднина“, порача таа.


Котеска-Стисниовска нагласи дека нема оправдување за семејното насилство и ги повика жртвите да се охрабрат и да побараат спас навреме.
„Апелирам до сите жртви кои во моментот трпат насилство, да се охрабрат, да тргнат да се спасат. Нема оправдување за семејното насилство! Сите против семејното насилство“, стои во нејзината објава.


Случајот со Милена повторно ја отвори темата за семејното насилство и стравот со кој се соочуваат многу жени кои живеат во токсични и опасни односи, а јавноста на социјалните мрежи масовно ја споделува пораката на адвокатката како апел за навремена реакција и поддршка за жртвите.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Контрола во локал во Тетово: Кај сопственикот пронајдени 15 пакувања со бела прашкаста материја

23.10.2026

Четворица го претепале 21-годишен скопјанец кај Бит-пазар по недоразбирање во сообраќајот

22.10.2026

Тротинет удрил 71-годишна жена во Скопје, возачот избегал

22.10.2026

Уапсен Македонец за измама со најновиот iPhone вреден речиси 4.000 евра!

22.10.2026

Кредити на туѓо име – Паднаа пет банкари за штета од над 12 милиони денари

22.10.2026

Царината пресече обид за шверц: Лекови од 336.000 денари сокриени во автобус

21.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

БИТКА СО СМРТТА НА 8.000 МЕТРИ: Чоколадото и мразот му го спасија животот

5 месеци ago
Нов нон-пејпер од пет земји членки на ЕУ: „Меѓучекори“ кон членство за Западен Балкан преку единствениот пазар

Нов нон-пејпер од пет земји членки на ЕУ: „Меѓучекори“ кон членство за Западен Балкан преку единствениот пазар

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Милошоски: Македонија е идеал и завет што нè обврзува да ја чуваме нејзината иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Приведените демонстранти не се студенти, туку поттикнувачи на насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гаши со честитка за 23 Октомври: Само обединети можеме да изградиме држава во која секој ќе се чувствува еднакво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: 23 Октомври е симбол на македонската чест, непокор и национална гордост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Да го чуваме наследството и да градиме Македонија каква што заслужуваат идните генерации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.