понеделник, ноември 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Почина Марија Димкова – „Славејот од егејот“ замина, но нејзиниот глас ќе живее вечно

by admin
10.05.2026
in Магазин, Македонија

Македонската културна сцена и изворната народна музика останаа без едно од своите најавтентични и најпрепознатливи имиња. Почина Марија Димкова, позната меѓу народот како „славејот од Егејот“, жена која целиот свој живот го посвети на зачувување, негување и пренесување на македонската народна песна и традиција.


Марија Димкова е родена во 1942 година во родољубиво македонско семејство од егејскиот дел на Македонија. Нејзиното детство било обележано со тешките години на Граѓанската војна во Грција, кога многу македонски семејства биле принудени на прогонства и преселби. Нејзиното семејство поминувало низ бројни места, меѓу кои Мариово, Штип, Прилепско, Војводина и други краишта, пред конечно да се насели во Битола.


Од 1963 година, по бракот со Стојан Димков, таа живееше во Штип, град кој стана нејзин дом до крајот на животот. Како најстаро од девет деца, уште од најрана возраст била воспитувана во духот на македонската традиција, народната песна и усното творештво. Вечерите исполнети со песни, приказни и семејни раскажувања оставиле силен белег врз неа и ја претвориле во вистински чувар на македонската колективна меморија.


Нејзиниот музички пат започнал во шеесеттите години во културно-уметничкото друштво „Кочо Десанот“ во Битола, а првиот јавен настап го имала уште во 1959 година на Радио Прилеп со песната „Кирјана вино продава“. Во текот на децениите, Димкова настапуваше на бројни фестивали, телевизиски и радио емисии, оставајќи длабок печат во македонската изворна музика.


Посебно беше препознатлива по емотивната изведба на песната посветена на Мирка Гинова, но и по богат репертоар на автентични песни од егејскиот дел на Македонија. Зад себе остави повеќе од педесет снимени изворни народни песни, кои денес претставуваат драгоцено културно наследство.


Во својата долгогодишна кариера издаде и две музички изданија – „Песни од Егејот“ во 1999 година и второ ЦД во 2016 година. Добитничка беше на повеќе признанија и награди, меѓу кои и наградата од жирито на фестивалот Гоце Фест во 2007 година, како и специјална награда од Здружението на децата бегалци за песната „В душа тага криеме“.


Освен како пејачка, Марија Димкова остави белег и како автор. Таа ги објави книгите „Од фолклорната ризница на Марија Димкова“ и „Автобиографија од Марија Димкова“, во кои остави драгоцени сведоштва за животот, страдањата и традицијата на Македонците од егејскиот дел на Македонија.


И покрај здравствените проблеми и намалената подвижност во последните години, таа остана активна во здруженијата на Македонците од Егејот и продолжи да настапува и да ја промовира изворната македонска песна. Само пред неколку месеци ги објави своите најнови а капела изведби на автентични песни од Воденско и Мегленско, дел од нив првпат претставени пред јавноста.


Со заминувањето на Марија Димкова, Македонија загуби уникатен чувар на народната песна, традицијата и историската меморија. Нејзиниот глас, делото и љубовта кон македонскиот фолклор ќе останат трајно врежани во културната историја на македонскиот народ.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Македонија

Добри вести за вработените: Во 2027 година нè очекуваат пет продолжени викенди

23.11.2026

Пред 2.700 години во Македонија живееле жени со висок општествен статус: Нивниот накит открива древни мистерии

23.11.2026
Хороскоп

Хороскоп за 23 ноември: Финансиски можности за Биковите, неочекувани трошоци за Лавовите, а три знаци ги очекуваат важни одлуки за пари

23.11.2026
УХМР со портокалово предупредување: Силен ветер над 70 километри на час, потоа пристигнува студ до минус шест

УХМР со портокалово предупредување: Силен ветер над 70 километри на час, потоа пристигнува студ до минус шест

22.11.2026
Мицкоски најави поевтини станови за млади брачни парови и повисок студентски оброк

Мицкоски најави поевтини станови за млади брачни парови и повисок студентски оброк

23.11.2026
Нов инцидент поради кравите во Кривопаланечко: Три лица нападнале и тешко повредиле 67-годишна жена

Нов инцидент поради кравите во Кривопаланечко: Три лица нападнале и тешко повредиле 67-годишна жена

22.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Артан Груби останува во домашен притвор додека трае истрагата

Артан Груби останува во домашен притвор додека трае истрагата

8 месеци ago

(ВИДЕО) Зеленски со моќна порака за Денот на Уставот: „Киев стои. Украина стои – и ќе опстане“

5 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонските владици на средба со рускиот  патријарх Кирил: Првпат во Москва како делегација на автокефална црква

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Добри вести за вработените: Во 2027 година нè очекуваат пет продолжени викенди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пред 2.700 години во Македонија живееле жени со висок општествен статус: Нивниот накит открива древни мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за 23 ноември: Финансиски можности за Биковите, неочекувани трошоци за Лавовите, а три знаци ги очекуваат важни одлуки за пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.