петок, ноември 6, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Мицкоски: Мора да се стави ред и дисциплина, државата не може да личи на Лас Вегас

by Redakcija
17.05.2026
in Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека новиот предлог-закон за игрите на среќа има за цел да воведе ред, контрола и ограничувања во оваа дејност, со што, како што нагласи, државата ќе се заштити од негативните последици од неконтролираната експанзија на казина и објекти за коцкање.

Мицкоски истакна дека со години се создавала состојба во која, според него, јавниот простор бил презаситен од вакви објекти.

„Имаме чувство дека државата наликуваше на Лас Вегас. Буквално, на секој чекор гледавме дуќани со силни светлечки реклами за игри на среќа, а покрај нив канцеларии за брзи кредити и заложувалници. Тоа е систем кој мора да се регулира“, изјави тој.

Премиерот додаде дека ваквата состојба, според него, довела до сериозни социјални последици и семејни проблеми, поради што е потребна интервенција на државата.

„Со новиот закон се уредува оваа дејност и ќе се ограничи агресивното рекламирање. Во некои места имаше цели населби со повеќе казина, што не е нормална состојба“, нагласи Мицкоски.

Тој посочи дека и покрај можните економски и фискални ефекти, државата мора да воведе ред во секторот.

Во однос на критиките дека законот бил донесен нетранспарентно и дека може да предизвика појава на црн пазар и губење работни места, Мицкоски изјави дека процесот бил отворен за сите засегнати страни.

„Сите беа повикани да учествуваат во изработката. Нормално е да нема целосно усогласување со индустријата, бидејќи тие имаат свој интерес, но ние го штитиме интересот на државата и граѓаните“, рече тој.

Премиерот додаде дека не очекува пораст на нелегални активности и дека не треба да дојде до губење на работни места, туку до, како што рече, „поинаква перцепција и повеќе дисциплина во оваа дејност“.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

УХМР ПРЕДУПРЕДУВА: Викендов температури на места ќе паднат под нулата

06.11.2026

Израелски и македонски хирурзи извршија 16 операции за повредените во трагедијата во Кочани

05.11.2026

Мицкоски за „Алта банка“: Штедачите ќе бидат обесштетени до последниот денар – Можни се 2 сценарија за надминување на состојбата

05.11.2026

Почна исплатата на социјалната помош и детскиот додаток

05.11.2026

Мицкоски: Европската комисија потврди – нема назадување, туку напредок, овој извештај е подобар од ланскиот

05.11.2026

МВР и ДЕА помогнале во заплена на над 300 килограми кокаин во Германија

05.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Делови од Центар, Карпош и Драчево утре ќе бидат без струја

6 месеци ago

Иновациите го менуваат рударството: „Сувото одлагалиште“ како решение за поголема заштита на природата

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Битолчани предлагаат што да влезе во буџетот за 2027 година: Од санација на патишта до центар за средно образование

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТИТАН Усје и ПМФ со нов меморандум ја продлабочуваат соработката во поддршка на науката и образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР: За девет месеци регистрирани 1.337 кривични дела поврзани со семејно насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Охридско лето“ со три бесплатни концерти во Скопје и Охрид: Познати се датумите и изведувачите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.