петок, октомври 2, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

ВЛЕН: Децата на функционери на ДУИ протестираат против своите родители

by Redakcija
17.05.2026
in Македонија

Коалицијата ВЛЕН обвини дека дел од студентските протести се злоупотребуваат за политички цели на ДУИ и дека зад нив стојат функционери и структури блиски до партијата.

Од ВЛЕН соопштија дека, според нив, дел од студентите кои протестираат не ги претставуваат реалните студентски барања, туку, како што велат, „агендата на ДУИ“.

„Овие не се гласот на студентите, туку гласот на ДУИ. Станува збор за политички инструмент на партија која по 20 години власт се обидува преку младите повторно да се врати на политичката сцена“, наведуваат од коалицијата.

Во реакцијата се посочува дека ДУИ во изминатите две децении имала значајни позиции во власта, но, според ВЛЕН, не успеала да го реализира полагањето на правосудниот испит на албански јазик.

„Истите тие кои молчеа сите овие години, сега ги изнесуваат децата на нивните функционери на протести. Прашањето е против кого протестираат – против своите родители“, стои во соопштението.

Од ВЛЕН оценуваат дека ваквиот пристап претставува обид за политичка манипулација со младите и додаваат дека нема да дозволат студентите да бидат користени за партиски интереси.

Коалицијата порачува дека ќе работи на решавање на прашањата кои, според нив, останале нерешени во изминатите години, вклучително и правосудниот испит на албански јазик.

…

Related Posts

Мицкоски по приемот кај Трамп: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

02.10.2026

Што точно е договорено за цар Самуил во македонско-бугарската историска комисија?

01.10.2026

„Збогум, љубов моја!“ – емотивен крај на долгата авијациска приказна на Васко Михалчев

01.10.2026

Веро Центар домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“

01.10.2026

Николоски во Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

02.10.2026

Рекорден септември на uslugi.gov.mk: 27.345 поднесени барања за еден месец, вкупната бројка надмина 400.000

01.10.2026

Препорачани Вести

ТЕНЗИИТЕ РАСТАТ: Иран се заканува со повлекување од примирјето по израелските напади во Либан

6 месеци ago

CNN: Македонија е скриен балкански бисер со природа, гастрономија и прекрасни вина

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Германија до ЕУ: Балканот не може бескрајно да чека

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски по приемот кај Трамп: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куќите на иднината нема да се градат како денес: Овие материјали веќе постојат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп со нова програма за децата: 1.000 долари како почетен влог за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР со важно известување: Посебен режим на сообраќајот во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.